Култивирајте среќа самите

Петте наједноставни работи кои можете да ги направите за да го свртите животот за 180 степени на подобро. Искористе ги тешките моменти да бидат тие кои ќе ве натераат да започнете со култивирање на среќа  и задоволство.

Светот околу вас можеби нема да се смени, но Вие бидете тие што ќе направат промена на подобро и започнете да уживате во животот и покрај тешкотиите. 

Доколку се чувствувате истрошени, нервозни и презафатени.. Стоп!

1. Максимизирајте го дишењето

Кога се чувствувате заплеткани во секојдневните стресови и обврски паузирајте и направете 3 до 5 вдишувања и издишувања низ носот. Свесното дишење е наједноставниот начин за контролирање на расположението. 

2. Движете се 

Вежбањето на дневно ниво може да го подобри и физичкото и менталното здравје. Затоа запнете ја крвта да циркулира и исцедете некоја капка пот.

3. Правете го она што го сакате 

Од енормно значење се активностите кои ве прават среќен, какви и да се. Хоби што ве исполнува е нешто што секој треба да го има.

5. Бидете покрај луѓето кои го вадат позитивното од вас 

Баталете ги луѓето кои ви ја цедат енергијата и насочете се кон дружење на оние кои ве прават и ги правите среќни. 

5. Вежбајте благодарност

Колку повеќе сфатите дека сте благодарни на малите работи во животот, неизбежно станувате посреќни. Кога некој има ваков став, полесно се менува перспективата на сè околу.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија