Кога задоволно си ги крцкате прстите

Слободно испукајте си ги прстите или кичмата и уживајте во убавото чувство после тоа..

Звучните феномени предизвикани при свиткување, извртување или притисок без болен синдром се викаат зглобни крепитации, крцкање, кликање или како сакате..

Во сите досегашни студии не е докажано дека безболното крцкање на зглобовите е последица на било какви спортско-рекреативни активности нити пак дека се причина за прерани скелетно мускулни дегенеративни промени. Релаксирачките чувства после провокациите за ваквиот звучен феномен се индивидуални.

Звучниот феномен на пукање се генерира поради изедначување на притисоците во интра зглобниот простор т.е. капсула. При апликација на притисок некои гасови како азотот го напуштаат синовијалниот флуид и формираат меурчиња кои пукаат и произведуваат звучен феномен.

Рефрактерниот период за повторно генерирање на ваквите крепитации се индивидуални од неколку секунди до неколку часови. Бидете спокојни во вашите навики на акцијата на крцкањто на вашите прсти, не правете узбуна при посета на вашиот хиропрактичар кој ќе ви ја искрцка вашата кичма, а можниот феномен при некои истегања нека ви биде задоволство.

Секоја крепитација проследена со болка е индикација за консултација со доктор и коректна дијагностика (КТ,МР,УЗ) бидејќи е сигурен симптом на многу дегенеративни заболувања и повреди на `рскавици, лигамент, тетиви, зглобни капсули итн.