Кардио пред тегови го намалува тестостеронот

Сите „знаат“ дека има разлика што прво ќе вежбаш, дали кардио или силов тренинг во една иста тренинг сесија, само што никој не е сигурен како е правилно.

Мислењата и студиите на темата како треба да изгледа редоследот на вежбите кога сакате во една сесија да вклучите и кардио и силов тренинг, а притоа да го максимизирате ефектот од тренингот се доста бројни, но и доста дискутабилни. 

Во декември 2012 излегува студија која испитува како редоследот на вежбите делува врз нивоата на еден од најважните хормони кој промовира анаболни процеси и мускулен раст, тестостеронот, но и на кортизолот кој ја има спортивната функција, катаболни процеси врз мускулното.

И резултатите кажуваат дека испитаниците кои правеле 30 минутно кардио пред силовиот тренинг имале повисоки нивоа на тестостерон мерено после целата тренинг сесија од оние кои го правеле тоа по обратен редослед.


 Може да ве интересира –Кога е најдобро време за тренинг


Но, набргу потоа, во февруари 2013 излегува нова студија на истата тема (и сличен тек) која ги прави крвните испитувања за нивоата на овие (но и други важни хормони како хормонот за расти и ТСХ) на подолг рок, и после 24 и 48 часа.

Тука резулатите биле драстично поинакви и се покажало дека всушност на долг рок, кардиото пред силовиот тренинг ги намалува нивоата на тестостеронот, хормонот за раст и тирео-стимулирачкиот хормон (TSH) по еден и два дена. 

Овие хормони се од круцијално значење за процесите на рекуперација и опоравок на мускулното ткиво, па затоа земете ги во обзир дел од овие сознанија и вметнете ги во вашиот режим на тренирање.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија