Второто најважно парче опрема за жените што спортуваат

Како трчањето влијае на женските гради

Во продолжение следи образложение зошто изборот на вашиот спортски градник е исто толку важен како и патиките со кои што спортувате секојдневно. Се работи за зачувувањето на еластичноста, спречување на предвременото свиснување и размлитавување на вашите убави женски одлики.

 

Иронично е тоа што секогаш превземаме огромни мерки за заштита од повреди при спортување на било кој спорт, а за оние кои буквално ни се тресат пред носот не преземаме ништо. Спортувањето (не само трчањето) во комбинација со гравитацијата си го прави своето кога во прашање се женските дојки, па затоа од исклучителна важност е жените да обрнат внимание и на оваа „повреда“.

Истражувањето и набљудувањето на повеќе жени кои спортуваат во една студија покажува дека спортските активности и тоа како влијаат врз дојките во сите правци. При скокање, трчање и изведување на вежбите истите се движат горе-долу, но и лево-десно и напред-назад, движења кои во зависност од повеќе фактори прават неудобност и болка, но уште поважно и неповратни промени по ткивото на дојката.

Дојките се изградени од жлездено ткиво кое е испреплетено со лигаменти (Куперови лигаменти) и тие немаат апсолутно никаква мускулно-скелетна потпора под нив. Поради самата природа на истите тие се многу подложни на влијанието на гравитацијта, сила која што се амплифицира со движењето при спортување.

Доколку активните девојки и жени не носат соодветна опрема за овој дел од телото тие може да предизвикаат долготрајни промени по ткивото кои може да доведат до предвремено виснување на деликатното ткиво на самите гради.

Она што вие треба да го направите е да си изберете соодветен спортски градник и да го носите секогаш кога сте активни. Прочитајте нешто повеќе од докторски аспект за ваквиот избор ТУКА, а дополнително можете да ВЕЖБАТЕ некои специфични вежби кои би ги зајакнале вашите градни мускули кои лежат под дојките.

И запомнете, немојте погорнава статија да ве одвлече од вежбањето затоа што АКТИВНИТЕ ЖЕНИ имаат ЗДРАВИ ДОЈКИ (само потребно е да се внимава).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија