Како со јога да го олесните породувањето

Практикувањето јога за време на бременоста може да ви донесе многу бенефиции и да ве подготви за полесно породување. Таа ве води низ практика, со следење на дишењето и физички вежби до полесна подготовка, издржливост и опоравување од породувањето.

1. Усовршете го дијафрагмалното дишење (стомачно дишење).

Да го освестите дишењето е клучот до подготвеноста за породување. Со тоа што се фиксирате на нешто друго освен на контракциите, вие учите да се справите со болката. Со тоа што се насочувате на дишењето вие го охрабрувате телото да се опушти колку што е можно повеќе, а со тоа предизвикувате добро чувство во непријатната околност. Со освестеното дишење го намалувате крвниот притисок и пулсот.

Затоа, започнете со тоа што ќе седнете во пријатна положба, на стол или со вкрстени нозе на подот. Дозволете му на стомакот да се чувствува полно, тркалезно и меко. Како што ви се продлабочува дишењето, дозволете вашите рамена и лице да омекнуваат. Погледнете во своето тело и забележете ги деловите што ви се напнати или уморни и обидете се да ги олабавите со секое издишување. Со тоа што ќе научите да дишете длабоко на стомак (дијафрагма) можете да му помогнете на телото да продолжи да произведува окситоцин, што всушност ќе ви помогне при процесот на породување.


2. Практикувајте неколку полезни пози.

Изберете пози во кои се истегаат и зајакнуваат нозете, колковите и страничниот дел од телото. Не се свиткувајте во стана и не ставајте тежина на вашиот стомак. Користа од јогата при породување е да се зголеми свесноста за телото. Ако можете да посетувате часови да пренатална јога, пробајте. Не само што ќе се опуштите физички, туку ќе направите нови пријателства, а вашите бебиња ќе растат заедно.

Друга опција е да правите неколку едноставни истегнувања кои што можете да ги научите од книги за пренатална јога или пак од информации на интернет. Пронајдете начин да се движите онака како вас ви е удобно. Ротирајте ги рамената кружно во двете насоки (напред и назад) и правете истегнувања на вратот лево и десно. Наведнете се нанапред со раширени нозе, додека колената ви опуштени, кревајте се пополека нагоре.

За некои жени лежењето на грб може да предизвикува притисок на вената која ја враќа крвта од нозете до срцето, предизвикувајќи вртоглавица, гадење и недостаток на кислород. Затоа, особено ако сте во поодмината фаза, избегнувајте ја оваа лежечка положба.

Како ќе растете заедно, вашето чувство за баланс ќе биде нарушено. Затоа се препорачува да не се задржувате долго во позите и почесто да користите потпора.

На сликата се прикажани неколку јога пози што можете да ги практикувате при бременоста.

 


3. Не се напрегајте.

При породувањето треба да знаете како максимално да се релаксирате. Напрегањето, дури и при изведување на физички вежби, не ви е потребно. Научете како да се релаксирате со будно следење на дишењето и позите за да можете да ја спроведете истата смиреност и за време на самиот чин.


4. Завршете со 20 минутна релаксација.

Ова е најважната работа која можете да ја практикувате за оптимално здравје на телото и умот. Со релаксација го намалувате крвниот притисок и пулсот, а погодно е за подуени нозе и редуцирање на стресот. Легнете на страна (со перниче меѓу нозете или пак како на сликата), затворете ги очите и практикувајте освестено дишење. Во ред е и доколку заспиете.

Основата е да се релаксирате колку што е можно повеќе и да станете добри во тоа со цел да останете релаксирани кога ќе добиете контракции. Доколку забележте дека мислите ви бегаат или пак околната врева ве деконцентрира, вратете го вниманието на дишењето. Останете така 20 и повеќе минути.


5. Практикувајте јога секој ден, дури и да се само 5 минути насочени на дишењето. 

Запомнете дека контракциите траат само по неколку минути.


6. Бидете позитивни и останете такви. 

 

Жените се пораѓаат илјадници години. Тие го правеле тоа, затоа можете и вие!

 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија