решение во ваши раце

Неколку совети за самомасажа

Сигурно многу често ви се случило да во даден момент посакате некој да ве измасира, дали на работа или по дома, но за жал не секогаш имате можност и време за тоа. Затоа ви предлагам да ги научите техниките за да си се опуштите без никого да молите.

Пред да почнете, загрејте ги дланките 

Очи – Доколку имате замор во очите и почуствувате непријатност, поставете ги прстите врз нив и задржете ги во таа положба 30 секунди, потоа со врвот на прстите масирајте ги очните капаци во насока од носот кон слепоочниците.

Глава – Доколку имате главоболка направете го следното, седнете и завземате удобна положба. Потоа со прстите на дланките правиме благ пртисок и со кружни движења и го масираме темето на главата.

Притиснете го вратот со дланките од двете страни, а потоа со кружни движења со помош на прстите масирајте го горниот дел на грбот кон предниот дел на телото. Оставете главата да биде опуштена без непотребно стегање.

Врат и раменски појас– Ако имате проблем со вкочанет врат или сакате да ги опуштите вашите рамења пробајте ги следниве зафати: со левата рака фатете го десното раме и со кружни движења масирајте го пределот од рамењата кон вратот. Потоа со истите движења масирајќи вратете се кон рамето и повторете го тоа неколку пати зголемувајќи го притисокот.

Кога ќе завршите со левата страна преминете на десната на истиот начин. После ова направете мала пауза, а потоа со вашата лева рака масирајте ја десната лопатка и обратно.

Масирајте го и вратот со двете раце од подножјето кон врвот на главата. Трудете се за време на оваа самомасажа да не притискате премногу силно да не предизвикате контраефект.

После овие движења станете и направете неколку лесни разгибувања на рамењата.

Раце– Со тупаница направена од едната дланка масирајте ја дланката на другата рака и обратно.

Истото тоа можете да го направите и со помош на палецот наместо со тупаница. Доколку во некој дел на дланката или прстите почуствувате болка на тоа место задржете се малку подолго.

И потоа измасирајте ја целата надлактица со кружни движења во двете насоки. Кога ќе завршите со самомасажата протресете ги рацете неколку пати и опуштете ги.