Yumeiho

Јумеихо терапија

Јумеихо Терапија се базира на мануелни вежби на целото тело за подобрување на здравјето. Вклучени се околу 100 потези кои се изведуваат на целото тело на пациентот. Исто така е позната како метода за коракција на колковите, масажа и акумпресура или „Саонџи специјална масажа” но оригиналното име е Јумеихо Терапија.

Јумеихо Терапијата се состои од методична примена на комплекс на рачни процедури и физички вежби кои имаат намена да ја повратат рамнотежата на човековиот организам и да го обноват функционалниот баланс на човечкиот организам.. Така разни проблеми кои можат да предизвикаат акутни или хронични болести се елиминирани или надминати.

Иако Јумеихо е метода направена да биде пред сè како превентивна, сепак се нарекува терапија што се должи на фактот дека главната намена е да се лечат или да се намалат причините на проблемите кои со време може да прераснат во хронични болки. Исто така Јумеихо Терапијата може да се примени да го спречи или успори напредокот на веќе постоечки проблеми (болки).

Мануелните терапевски процедури кои се применети со профилактички или корективни намени во Јумеихо Терапијата се состојат од:

  • остеоартикуларна манипулација на техниките и пасивна мио-артикуларна гимнастика, пресурни терапевски процедури (слични на оние кои се користат во акупресура и рефлексо терапија), специјални техники на масирање и процедури, елементи на истегнување (истегнување и издолжување), корекција и балансирање на методи на ставата, одење и позиции на одмор, оптимални вежби за биомеханичкиот и локомоторниот систем.

Физичките вежби кои се практикуваат во Јумеихо Тепапијата се состојат од специјална гимнастика наречена Јумеихо Таисо придружени со техники на дишење и методи на релаксација.

Во 2003 година Мачеј Дулски усоврши техника за која служи за спречување на формирање на сколиоза кај децата. Овие системи се применуваат од страна на Сајонџи Масајуки кој официјално го нарекол Јумеихо превентивен систем.