Физичка активност за раат сон

Вашето тело и ум го препознаваат „слаткиот“ умор од редовната вежба и релаксирано и самостојно се ставаат во пријатна ноќна хибернација. Сте размислиле ли за вежбањето како лек за несоница?!

Отежнато заспивање или сон со чести будења и тешки презаспивања се основните карактеристики на несоницата. Оваа состојба најчесто е резултат на стресот, емотивните растројства, депресијата, биполарните пореметувања и хиперактивност на штитната жлезда итн.

Лесно препознатливи и познати симптоми на оваа состојба се физичката и психичка исцрпност со нерасположение, безволност, поспаност, болки во мускулите и намалена концентрација кои знаат да бидат исклучително непријатни.

Редовните аеробни вежби дефинитивно се одлична терапија против несоницата. Основната формула за добра хигиена на сонот е редовното и навремено легнување, редовна исхрана, редовни спортски активности и квалитетна потпора односно душек и перница.

Претренираноста пак, и вежбањето во касните попладневни или вечерни часови т.е. блиску до легнувањето честопати знаат да предизвикаат несоница така што треба да внимавате на часовникот. Затоа, три часа пред спиење се одличен тајминг за крајот на вашите активности и сосема доволни за уредна хидратација и полнење на гликогенските депоа, а сето тоа на крај да ве послужи со одличен сон.

Добриот и квалитетен сон е резултат и на низа препораки од типот: не легнувајте гладни, не се прејадувајте, претпазливо со алкохол и кофеинските напитоци, среќни мисли, инвестирајте во соодветна перница и душек др. Во секој случај, не ви треба докторска рецепта за да се изборите со оваа непријатна состојба бидејќи едноставните редовни вежби се најдобриот лек.