Комерцијален текст

Држачи за лакт како превенција и лек од разни повреди

Во современото живеење се повеќе луѓе на различна возраст се занимаваат со спорт, а тоа не ги исклучува и можните повреди. Спортската повреда на човечкото тело се појавува при физичка активност за време на тренинг и спортски натпревари. Повредите можат да настанат брзо, неочекувано, како резултат на удар, пренапрегање или како резултат на хронично оптоварување.

Затоа од голема важност е превенцијата од повредите и ограничувањето на нивната појава. Најчести спортски повреди се оние на коленото, скочниот зглоб, рамото, но и лактот.

Латералниот епикондилитис, или популарно наречен „тениски лакт”, претставува честа повреда кај спортисти на кои раката им е алатка за успех. Постојат разни размислувања за механизмот на повредата како и за начинот на лекување. Се мисли дека епикондилитисот е кумулативна трауматолошка повреда чија причина е константно користење на мускулите на раката и надлактицата и предизвикува мали микротрауми во тетивите т.е. тендинитис. Останати фактори кои можат да влијаат на развој на повредата се: недостаток на снага, слаба техника, интензивно тренирање и слично.

Постојат повеќе пристапи за лекување на оваа спортска повреда, не исклучувајќи го и под/лактниот стегач како придружен дел на основната терапија.

Медикус Хелп како одличен поддржувач на спортот со својата палета на производи за спортисти е активен учесник во многубројни спортски манифестации, настани и натпревари.

Во своите 12 малопродажни објекти нудиме решенија за превенција и лекување на овој тип спортска повреда со 2 вида на стегачи за лакт:

Држач за лакт со силиконско перниче (Тениски лакт) – линк

Специјално обликувано силиконско перниче околу епикондилисот и соседните радијалиси. Брза ресорпција на едем и хематом. Брзо ја подобрува функцијата на зглобот. Ја намалува напнатоста на периартикуларните ткива и е облога на областа на меките ткива.

Држач за лакт – Accu Tex – линк

Accutex напредната техника на плетење обезбедува супериорен квалитет на терапевтски ефект и целна поддршка на специфичните мускули, лигаментите или зглобовите со што ги подобрува сензомоторните функции и активира мускулните контракции. Оваа техника на плетење создава три степени на компресија од нежна, умерена до висока користејќи различни густини на ткаенина. 

Оваа кумулативна поддршка постигната од три степени на компресија помага да се подобри функцијата на зглобовите и мускулите за време на движење за ефикасно заздравување после повреди. Појачан кај зглобот на лактот со Х-облик дава поголема стабилност.