Добар распоред е есенција!

Вежбате три пати неделно. Опфаќате и кардио и теретана… Е сега, дали прави некаква разлика тоа како временски ќе ви бидат распоредени тренинзите во текот на една недела?

Според Др. Михаел Џојнер, подредувањето на деновите за тренинг и те како има врска за долгорочните ефекти врз здравјето како и врз самата мотивација за тренинг.

  • „Вежбањето има долгорочни и кумулативни ефекти врз здравјето и фитнес нивото, но исто така тоа продуцира моментални ефекти кои не секогаш траат долго.”

Дури и само мала прошетка ги поправа нивоата на шеќери во крвта и притисок, но доколку наредните денови човек воопшто не се размрда, прошета или вежба тие придобивки полека исчезнуваат и избледуваат.

Истото се случува и со фитнес нивото, како и со самата мотивација која не тера на редовни вежби. Првичната причина поради која луѓето повторно вежбаат е бидејќи тренингот од претходниот ден (или максимум два) им делувал многу позитивно врз расположението.

Не вежбајте наредните три дена, и мотивацијата и ентузијазмот за вежбање си оди во минатото.

Како заклучок, Др. Џојнер вели:

  • „Клучот најверојатно лежи во тоа да не се промашуваат (без вежба) повеќе од два дена во низа, а најдобро би било да се прескокнува само еден.”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија