Дали дишењето на нос или на уста е подобро при вежбање?

И ако тргате од она старото „диши на нос, идиши преку уста“ додека рекреативно си трчате или можеби посериозно вежбате, можеби ќе грешите, ама можеби и нема!

Додека голем број на паталци и гаталци, професори, учени луѓе, и не толку учени постојано нè советувале дека правилно e да се дише на нос, а да се издишува низ уста, особено при физичка активност, никаде не постојат докази дека таа, нити пак друга шема на дишење (било да е назално или орално) ги подобрува перформансите на спортистот

Потрошувачката на кислород, ефикасноста и заморот, односно целокупните перформанси остануваат тие, предодредени и ограничени од многу други фактори, но не и од начинот, односно шемата на дишење.

  • „Дишете слободно и никогаш не се форсирајте да го правите тоа на некој начин што не ви е природен.“ вели Др. Џејмс Шафрат, професор по биологија на вежбање, невробиологија и физиологија.

Според него, кога во прашање е вежбањето во било каква форма (особено високо аеробните спортови) сите ние кога-тогаш дишеме на уста. „Не можеш да внесеш 21 литар на воздух удобно преку твојот нос, нели.“

Единствениот пат кога свесното дишење низ нос дава некои придобивки е тогаш кога околната температура и влажност на воздухот се многу ниски (во зима) така што носот е тој што е способен да го затопли воздухот пред тој да отиде во белите дробови. 

Крајната линија – Воопшто не е важно како дишете додека вежбате, бидејќи најважно е вам да ви биде удобно. Никогаш не се форсирајте да дишете на начин кој не ви е природен, бидејќи тоа нема да ви ги подобри перформансите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија