Да трчаш со био патики!

После револуцијата на Вибрамките со прсти и дебатите за тоа дали да се трча или не на “босо”, си мисли човек тоа е крајот на она што ќе го измислиме надвор од стандардната форма на патика, но типови како Шамес Аден – британски научник и дизајнер во полност ни го докажуваат спротивното. 

Визијата за иднината на патиките Аден ја гледа во 3Д принтот на синтетичко биолошки материјал кој што може да се регенерира и да реагира на притисок и светлина.

Протоклеточните патики ќе бидат изработувани по индивидуални калапи и ќе делуваат како еден вид заштитен слој односно како втора кожа.

Иако протоклетките не се живи тие имаат некои својства кои се одлика на живи клетки. Тие имаат способност да се зголемуваат и намалуваат во зависност од надворешниот притисок и да се адаптираат во зависност како ги користите, но имаа и свои маани особено во одржувањето. Сопствениците ќе треба да ги чуваат во тегла со посебна протоклеточна течност и да внимаваат да  ги обезбедат сите потребни услови за да се регенерираат. Растение плус во домот или нешо сосема друго времето ќе покаже, а во меѓувреме сигурно Холивуд ќе ги употреби во некој СФ филм  

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија