Да се масира или не?

Најновите истражувања велат ДА, масажа после многу напорна и исцрпна тренинг сесија го забрзува процесот на опоравување на мускулите и може да ве „врати“ на нога многу побргу. 

 

Болката која се јавува после понапорни тренинзи (a за која ви кажавме дека не е наталожена млечна киселина) е сосема нормална работа која се јавува поради оштетувањата во клетките, мускулните влакна и собирањето на мноштво воспалителни сигнализирачки молекули.

Таа се јавува набргу по „ладењето“ на активните места во телото и многу непријатно знае да делува во наредните денови. Масирањето на овие зони веднаш по активноста е практика која веќе одамна се користи од физиотерапевтите на сите спортски полиња, а во скоро време беше направена и студија од понов датум која ги потврди верувањата дека масажа после тренинг го забрзува и олеснува процесот на опоравок на ткивата.

Студијата беше правена врз 25 волонтери кои работеле напорен тренинг за нозе, а половина од нив веднаш по тренингот добиле масажа на целните места кои биле најмногу активни. По тренингот сите испитаници пријавиле болки во мускулите, но по 90 минути онаа група која била масирана веќе пријавила дека болките скоро и да изчезнале.

Масирањето на најактивната зона после тренингот ја подобрува локалната крвна циркулација и со тоа потпомага во процесите на заздравување и рекуперација на ткивата. Масажата е најделотворна кога се прави околу еден час после вежбањето најмногу поради тајмингот на воспалителниот одговор на телото.

Техниката или типот на масажата се покажа дека нема врши некоја разлика во ефективноста така што слободно можете да си го искористите ова како добар изговор за масажа од вашиот партнер.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија