Бетонирани придобивки од силовиот тренинг

Доколку вашата тренинг рутина најчесто се состои од џогирање или возење велосипед, сигурно сте се запрашале дали е потребно да додадете по некој силов тренинг. За многумина тоа не е избор, но пред да пресудите прочитајте ги придобивките од ваквата активност.

Мажите и жените го достигнуваат својот силов максимум помеѓу 20и 25-та година од животот. После овие години силата генерално се намалува по 1 % на година па така на 65 годишна возраст би имале 60 % од силовите можности кога сте биле на 25 години. Само оние кој системтски се активни и тренираат со надворешен отпор или тегови може да сметаат на успорување на оваа тенденција на намалување на мускулната сила.

Eве неколку здравствени и фитнес придобивки од тренингот со тегови (силов тренинг)

  • Зголемување на коскената маса / превенција од остеопороза 
  • Намалување на ризикот за повреди
  • Зголемување на мускулната маса 
  • Зголемување на метаболизмот
  • Зголемено искористување на глукозата 
  • Подобрување на перисталтиката на цревата 
  • Подобрување на нивоата на добриот холестерол 
  • Намалување на крвниот притисок во мирување 
  • Намалување на остеоартритичните промени и ревматските болки  
  • Намалување на депресијата
  • Подобрување на нервно мускулната ефикасност
  • Подобар надворешен изглед
  • Поголема самодовреба
  • Зголемувањње на чиста мускулна маса
  • Намалување на масното ткиво
  • Подобра контрола на стресот

 Ова се само некој од придобивките на силовиот тренинг доколку тој е правилно дозирани и е комбиниран со кардио тренинг. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија