Алтернативно решение за плантарен фасцит

Болката во петата и сводот на вашите стапала, сосбено по екстензивни тренинзи, натпревари и оптоварување на вашите нозе знае да биде незгодна и непријатна  пропратна работа. До сега ви имаме презентирано едно округло решение за оваа состојба, сега одиме на нешто ново, исто така алтернативно.

 

Плантарниот фасцит или исто познат како „џогерска пета“ е честа појава кај редовните клиенти и зависници од трчањето, а состојбата е резултат од инфламаторни и структурни промени во плантарната фасција на стапалата. Најчесто е предизвикана од претерано трчање, вежбање, прекумерна тежина и старост, а се карактеризира со тапа и долготрајна болка најчесто лоцирана на самиот под од петата.

Оние кои ја имаат оваа состојба најчесто се жалат на голема болка при првите чекори наутро и многу често луѓето имаат проблем со правење на дорзална флексија на стапалото (виткање на стапалото нагоре) .

Како решение за оваа состојба докторите препорачуваат редовно истегнување на стапалата, пред некое време ние ви го понудивме округлото решение преку самомасажа, а сега имаме нова алтернативна метода која уште подобро мина на истражувањата за нејзината ефикасност.

 

Вежбата се состои во стоење на една боса нога (онаа што е засегната) на скала (книга, или било каква кутија)  и правење на подигнување на петата горе-долу. Под прстите на ногата потребно е да завиткате пешкир или крпа, а петата на стапалото треба да виси слободно позади скалата. Другата нога е свиткана во коленото т.е. не го допира подот, а можете да се придржувате на стол.


Ако Ве интересира – Заштедете си ги стапалата


Од оваа позиција потребно е да се изведуваат циклични подигнувања и спуштања на петата, две до три секунди подигање со три секунди задржување во горната позиција и повторно три до две секунди спуштање. Доволни се 12 повторувања на ден.

Истражувањето покажа дека учесниците во студијата имале драстично подобрување со користење на овој метод во однос на оние кои правеле едноставно истегнување (нагоре-надоле) на засегнатата нога.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија