Ако ви закочи мозокот – вежбајте

Патот од празен мозок до брилијантна идеја понекогаш се само неколку склекови…

Познато е дека десната хемисфера на мозокот е одговорна за контрола на креативноста кај човекот. Поновите студии и истражувања наведуваат дека при појавата на синдромот „ми се закочи мозокот”, „немам идеја”, „се стопирав” и сличните кочници или во било која состојба кога ви недостасува замисла, решение, едноставно направете пауза и барем дваесетина минути ВЕЖБАЈТЕ.

Џон Гондола професор од колеџот за здравствено образование во Њујорк низ повеќе студии ја докажува ендорфинската теорија каде при било какви физички активности се ослободува ендорфинот. Тој е услов за будење на целиот мозок, а посебно на десната половина со што се возбудуваат низа синџири за зголемување на будноста, се зголемува концентрацијата, мисловната моќ, се шири идејата, се зголемува острината на видот и слухот, но и се зголемува опустеноста и задоволството…

ПА ТАКА АКО ВИ ЗАКОЧИ МОЗОКОТ – ВЕЖБАЈТЕ