4 причини зошто да одите на работа со точак

Сонцето на нашето знаме не е за џабе ставено. Временцево кај и да е ќе попушти и ќе отвори срча небо, а воедно ќе создаде и перфектни услови за точкарење до работа и до факс…

Нема да биде лошо да направите замена на педалите со кои одите на работа. Изберете само две педали (ова не значи автоматик кола) зошто правите милион добри дела, и кон самите себе и кон другите.

За почеток, доколку единствените тркала кои ги користите се оние од колата, размислете. Според нова студија на Универзитетскиот Колеџ во Лондон возењето точак е пет пати побезбедно од возењето кола.

Откачете некое кило од вашата рамка
Просечен велосипедски консумент може да очекува да изгуби 6 кила туку така само доколку оди секој ден на работа со точак. Па дури и да одиш пола до времето, ако имаш некој вишок, откачи го на педали.

Набустајте се за под чаршаф
Неактивните мажи кои учествувале во една програма за умерено вежбање, најчесто џогирање и возење точак се покажале како 30% појаки во кревет. И тоа програмата се состоела од само 60 минутно возење на велосипед со посилно темпо, три пати неделно.

Спасете добра бројка на животи
Ова нема да успеете да го направите сами, но научниците од Универзитетот Винсконсин-Медисон направиле компјутерски модел за предвидување на ефектите кои ќе ги има доколку 30 милиони луѓе возат точак на своите кратки релации (под 8 километри).

Резултатот: подобрувањето на квалитетот на воздухот и физичката спремност кај луѓето би спасила 1,100 животи. Па дајте луѓе ние сме само 2 милиони, и помалку, без бројката на малишани кои немаат уште научено.

Заштедете некој кеш
Математики на оваа тема нема потреба да се прават. Како и да е, велосипедот како превозно средство во сите погледи е поевтин.