Наслов

Зошто е важно да имаш стегната задница

Ако гледаме на задникот од чисто физиолошки и функционален аспект и ја анализираме неговата важност и влијание врз целокупното тело, тогаш слободно може ич да не ни е гајле за тоа што дополнително добро ќе изгледаме. Чекај, обратно да не беше?

Задникот е составен од три различни по големина глутеални мускули: глутеус максимус, медиус и минимус, од кои, најголемиот - максимус е всушност и најголем мускул во човековото тело. Сите заедно тие го градат надворешниот заден дел од карлицата кои ги спојуваат сакрумот - делот над тртката, илијачната коска - дел од карличната коска и фемурот - надколеницата во еден систем. Заедно со другите мускули од карлицата и надколеничната коска тие учествуваат во разни основни движења на колкот. 

Но, она што е важно да се знае за овие мускули е дека тие учествуваат и во многу други елементи од кинетичкиот ланец на човековиот организам, па затоа истите не смееме да ги заборавиме, заслабнеме и изгубиме од форма - она што редовно се случува кај слабо активните луѓе кои одвојуваат премногу време во седечка позиција, а многу малку или скоро ич во чучната. 

Подоле пренесуваме некои од најважните работи поврзани со овие мускули и целото тело

1. Задникот е еден од најважните стабилизатори на вашиот труп

Тоа значи дека задникот е секогаш активен кога вие сте станати на вашите две нозе и истиот игра огромна улога во држењето на исправена позиција на телото. Ако вашиот задник е слаб и недоволно развиен тогаш голем дел од оваа работа ќе се пренесе на мускулите од половината што и една од главните причини за болки во кичмата. 

2. Глутеус медиус е клучот за здрави и среќни колена

Стабилноста на вашите колени зглобови започнува на повисоко ниво, односно кај најсилниот абдуктор (мускул кој ја оддалечува ногата од централната позиција) на колкот - глутеус медиус. Додека одите, трчате и се движите овој мускул спречува вашите колкови да пропаднат на страна што би довело до голем стрес и напор на вашите колени зглобови. Но, доколку истиот не е доволно развиен, тогаш оваа проблематика и болките во колената се чест проблем, особено кај тркачите. 

3. Слабите глутеуси се компензираат со задна ложа - што воопшто не е ефикасно

Слабата развиеност на глутеусите и нивниот слаб ангажман при основните движења и активности допринесуваат целата екстензија на надколеницата (водење на ногата наназад) да биде водена од мускулите на задната ложа кои се доста послаби во однос на задникот. Тоа доведува до слаба ефикасност при движењата и истоштеност на мускулите од задната ложа кое знае да води и до повреда. 

Затоа да се разбереме. Не го заборавајте вашиот ценет задник и редовно вклучувајте го истиот во вашите движења што почесто.

Еве некои интересни вежби за оваа регија. 

15 Февруари 2017

За авторот