Врска Мозок-Мускул

Врската помеѓу мозокот и мускулот е многу важна, а значи поврзување со фокусирање на целото наше внимание на тренираниот мускул, во секоја вежба и серија, за секое повторување, се со цел да постигнеме максимален и најбрз можен ефект.

Оние кои пробале, знаат за што зборувам. Како пример ќе го земам потисокот со дворачен тег на рамна клупа (популарно наречено Bench press). Освен градните (pectoralis major+pectoralis minor) мускули, голем удел во изведување на оваа вежба имаат и трицепсот и делтоидите (поготово предна и среда глава).

Доколку се обидувате да ја импресионирате околината товарејќи што повеќе килажа, не сте во состојба да дадете целосен фокус на градите (пекторалисите), па со тоа и ефектот е помал. Кој не верува нека проба. Доколку се стави оптималната максимална тежина при која ни е овозможено целосно фокусирање на градните мускули, движењето во тој случај е слично на развлекувањето со бучици, а пумпата е многу подобра и поголема.

Фокусирањето на одреден мускул овозможува максимално да ги уклучите другите мускулни партии (сојузници) во текот на вежбата, при што знаењето кои мускули работат при изведување на одредена вежба, исто така ве штити и од можни повреди. Така, кај bench press-от можете да се фокусирате на пекторалисите, трицепсите или делтоидите, водејќи сметка за движењето кое е потребно за правилно изведување на вежбата.

Со самото тоа што ќе бидете потполно свесни кој мускул сакате да го активирате во текот на одредено движење (да бидете во можност да ја осетите контракцијата, движењето, истегнувањето на мускулните влакна додека се фокусирате) можете да ја прилагодите техниката и да го погодите мускулот со одредена контракција, движење и истегање на мускулот како би предизвикале хипертрофија (раст). Тоа е врска мозок-мускул.

Филозофски гледано, врската мозок-мускул е свесност за тоа што сакате да постигнете во бодибилдингот (да се изгради одреден мускул) и на тој начин да се користи специфична техника како би се постигнала целта, а притоа да се отфрлат бескорисните движења и техники кои не водат кон остварување на вашите специфични цели. Според тоа, во случајот со бенч пресот, грбот треба да биде исправен, а не свиткан во лак, затоа што целта е да се изградат пекторалисите, а не да се користат други мускули како би се подигнал товарот.

Фокусот значи, е на изградба на мускулатурата, а не на совладување на товарот. Исто така, при негативна фаза (спуштање на теретот) потребно е вовлекување на плешките за што подобро истегнување на пекторалисите (ова го слушнав лично од Петар Челик на негов семинар и навистина има ефект).

Кратко кажано: Врската ум-мускул е техника каде што било која вежба ја претворате во изолирано движење како би го погодиле мускулот кој сакате да расте.