Вежбање наутро или навечер – позитивни страни

Никогаш не заборавајте дека било кој период од денот го одбирате за да ја исполните вашата омилена дневна физичка активност нема да згрешите. 

Позитивни страни од спортувањето наутро

Го буди вашето тело подобро од било кое кафе (а замислете ја комбинацијата на двете) и претставува одличен начин да го енергизирате организмот за старт на денот. Можеби понекогаш е тешко да се стане рано, но доколку си водите педантен распоред на деноноќието тогаш утринските хормони на задоволство кои се лачат после тренингот ќе ви бидат одлична припрема за работните обврски. 


Читајте повеќе – УТРИНСКО ВЕЖБАЊЕ ЗА ЕНЕРГИЈА И КОНЦЕНТРАЦИЈАДЕНОТ ПО ВЕЖБАЊЕТО СЕ ПОЗНАВА


Внимавајте, можете и да се закачите на утринското вежбање. Истражувањата велат дека луѓето кои вежбаат наутро имаат повеќе шанси да продолжат со физичката активност од оние кои доминантно вежбаат навечер. 

Одите, тренирате и готово е. Утринските тренинзи се одлични затоа што обврската за физичка активност ја завршувате уште во стартот на денот. Со тоа ќе можете целосно да се сконцентрирате на остатокот од денот наместо да расмислувате каде да го вметнете вежбањето и често да го изоставите…

Позитивни страни од вежбањето навечер

Можете да вежбате подолго. Утринските тренинзи честопати се со понабиен распоред поради работните обврски. За разлика од нив, навечер можете многу подолго и порелаксирано да се посветите на тренингот.

Вашето тело е поспремно навечер. Целото тело е позагреано откако има изминато поголемиот дел од денот за разлика од периодот веднаш по станување. Тоа значи дека организмот е физички поспремен за тренинг, а дополнително треба да знаете дека мускулната функција и сила се најголеми навечер што значи дека можете да го извадите вашиот максимум. 

Ве ослободува од стресот и затегнатостите кои се имаат наталожено од денот. По тежок, напорен работен ден, нема ништо подоборо од добар тренинг. Вежбајте го она што најмногу ви прави мерак и ослободете се од негативната енергија. 

П.С. – Без разлика за кој период ќе се одлучите, дали наутро, навечер или можеби некаде измеѓу, практикувајте го вежбањето редовно и без оправданија и резулатите нема каде да бегаат. 

Дополнително за оние кои сакаат да ослабат – КОГА ДА ВЕЖБАТЕ ЗА НАЕЈФИКАСНО ДА СЛАБЕЕТЕ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија