Тренирај го телото за побрз опоравок

Со големата побарувачка за вложување на професионалните спортисти се поставува прашањето дали можете да го истренирате телото со што би се намалило времето за опоравок?

Времето за опоравок на еден организам означува период што му е доволен на телото и сите негови клетки да ги вратат во нормала физиолошките функции кои работеле во „полна пареа“ за време на некој тренинг со поголем интензитет или пак натпревар. Во овој период телото се адаптира на стресот што го има претрпено при напорната работа, истото ги опоравува мускулите и влакната кои биле во зголемена функција, се обновуваат резервите на гликоген и се случуваат низа сложени процеси на адаптација.

Во принцип, самото редовно тренирање на човекот, особено подобрувањето на аеробниот капацитет му помага на телото во адаптирање на барањата при тешките (натпреварувачки) задачи на спортистот. Адаптационата фаза трае на почетокот на редовно практикување на одредена активност и со тек на време телото многу подобро и полесно започнува да се справува со стресот што му се нанесува.

Сепак, и организмот како и секоја друга сложена машина си има граница односно праг на вложување преку кој телото не може да постигне правилен опоравок. Тоа се случува кога телото е изложено на редовни напорни тренинзи без притоа да се даде соодветно време и правилен пристап на опоравувањето. Истот може да резултира со лоши резултати, повреди и одолговлекување на овој период на рекуперација.

Затоа, од исклучителна важност е тренинзите да се изведуваат паметно, да се даде соодветно време за одмор на телото, квалитетен сон, но и правилна исхрана.

Нешто повеќе за принципот на активен опоравок прочитајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија