Светото тројство на правилното вежбање

Без разлика дали се бавите со спорт заради одржување телесна тежина, хоби или професионално, постојат неколку клучни делови на кои морате да обрнете екстра внимание доколку сакате да добиете максимални резултати. Ви ги претставуваме трите основи на секој спорт без кои тренингот би бил некомплетен.

Редовното вежбање е совршен начин да се води фит, активен и здрав живот. Се чини дека луѓето се сè повеќе свесни за ова и сè повеќе го практикуваат ваквиот начин на живот. Без разлика дали се бавите со спорт заради одржување телесна тежина, хоби или професионално, постојат неколку клучни делови на кои морате да обрнете екстра внимание доколку сакате да добиете максимални резултати. Ви ги претставуваме трите основи на секој спорт без кои тренингот би бил некомплетен.

Правилно држење т.е. форма

Правилното држење е апсолутен предуслов за здраво и корисно вежбање. Треба да знаете дека неправилната форма или држење при изведување на тренингот или вежбата е основа за добивање на непријатни болки и повреди во пределот на грбот, вратот и рамената. Начинот на кои сте поставени за време на тренинигот влијае врз вашиот скелет, зглобови, мускули, па оттаму не треба да изненадува дека правилната форма допринесува до одлагање на заморот за време на тренингот, поголема ефективност и зголемена потрошувачка на калории. Еве неколку знаци кои укажуваат на правилно држење:

-исправена глава, уши во линија на рамената
-рамена поставени наназад
-горната половина од грбот треба да биде комплетно исправена
-колената опуштени и благо свиткани

Правилно дишење

Редовното вежбање на правилно дишење е одлично за вашето целокупно здравје а посебно за зголемување на капацитетот на белите дробови. Вдишувањето треба да биде длабоко и постојано. Свесноста при дишењето за време на тренингот ќе ви обезбеди континуран тек на кислород и постојаност во срцевиот ритам, а тоа во суштина значи порамномерно ниво на енергија.

Истегнување

Истегнувањето пред и по вежбањето е важно бидејќи истото помага во превенирање на болки во мускулите и повреди за време на тренингот. Истегнувањето помага во зголемување на флексибилноста, целокупната физичка кондиција и зголемување на опсегот на движење.

Правилното истегнување се препорачува пред тренинг (во динамична форма) за да се забрза кровотокот во телото и после тренинг (повеќе во статична форма) за да се ослободат мускулите од претходниот напор. Оваа активност ја неутрализира крутоста во мускулите и помага во намалување на стресот во текот на денот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија