Slackfit® Фитнес

Со Slackfit®, досадните машини со тегови, монотоните ленти за трчање и тотално неинвентивните групни часови се фитнес трендови кои стојат некаде во позадината на салата за вежбање. Единственото чувство за рамнотежа на Slackline, ефективноста на вежбите и еден тон забава се мотив за редовен и успешен тренинг, баш баш за сите.

Slackfit® е револуционерен концепт за групен фитнес кој ќе ви овозможи да скокнете во slackline друштвото додека тренинрате во сала и во група. Во нашата програма комбинираме, ефективност, координација, стабилност, брзина, проприоцепција, но најмногу забава за целото тело.

Ефектвност: oдењето по slackline овозможува околу 1000 мускулни контракции во минута без воопшто да ги преоптоваруваме зглобовите.

Координација: тешко дека некоја друга активност е подобра за координација од slackline. Постојано подобрување на нервно- мускулната интеракција, а со тоа и на перформансите.

Стабилност: нишањето на slakline ги активира длабоко поставените мускули поврзани со зглобовите, а со тоа се намалува можноста за повреда преку зголемена контрола и стабилност на зглобовите.

Брзина: активност како slackline бара одлична брзина на реакција а токму поради тоа имаме постојано подобрување на сензомоторичките способности.

Проприоцепција: со slackline се подобрува перцепцијата на движењето на телото а со тоа се зголемува динамичното фино нагодување на секое движење, сето тоа во однос време-простор.

Забава: колку пати да ви кажеме дека е забавно. Забавно е ептен.

Со ова видео ви најавуваме серијал на кратки демо видеа, во кои ќе ви ги демонстрираме и објасниме вежбите од SLACKFIT фитнес програмата на Gibbon Slacklines.

Следете нè!

#slackfitmk

Автор

Sport Inn

Скопје

Македонија