Склек, било кога, било каде

За успешно да го трансформирате вашето тело, прво морате да го трансформирате вашиот ум. Било кое време е време и било кое место е место за старите добри склекови.

Ако на овој начин ѝ пријдете на вашата фитнес трансформација, со тоа што паметно ќе го трошите вашето „малку“ слободно време, на прав пат сте до сериозни резултати. Девојки, ова важи и за вас!

ПРВО

Стартувајте ја трансформацијата со тоа што ќе правите колку што можете склекови во денот, но не во теретаната, туку било каде и во било кое време. Досадните мигови се особено добри да правење безброј склекови.

ВТОРО

Чекате нешто да се лоудува или симне од нет? На под, 20 склекови! Чекате вода за кафе? Уште 20! Ви текнува колку траат рекламите на ТВ? Уште 20! Со ова ќе го истренирате телото и умот да се адаптираат и да го перцепираат рандом тренингот како нормален. 

ТРЕТО

Кога ќе почнете да правите волку многу склекови, не заборавајте да менувате техники. Имате најразлични, со раширени раце, дијамант склекови, со споени раце, со една рака.. Додатно можете да погледнете некои наши статии за ова овде. Со ваквиот пристап ќе тренирате различни аспекти од рацете, рамената, градите и торзото како целина. Природно е постепено да ги билдате повторувањата како што станувате посилни. 

ЧЕТВРТО

Без разлика што правите во текот на денот, склековите нека ви станат партнер. Ова ќе ве инспирира и мотивира. Дополнително, зголемувањето на продуктивноста во работата е неизбежна. Посериозното пумпање ќе ви ја раздвижи крвта се` до мозокот, па мислите ќе бидат почисти и пофокусирани. 

ПЕТТО

Тренирајте напорно и никогаш не се сожалувајте. Употребете ги емоциите да го зајакнете тренингот. Од сите работи во животот кои треба да ги зауздаме, нашето тело е на првото место. Земете контрола, и самите донесете го во посакуваната форма и чувство. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија