Наслов

Се одржа првиот #SCCS семинар за кондициски тренери во Белград

Од 20-21 Mај 2017 во Белград се одржа првиот SCCS (Strength & Conditioning Coaches Seminar) во организација на Борис Симурина. Семинарот беше наменет за кондициски тренери кои работат во групни и индивидуални спортови, персонални тренери и фитнес ентузијасти.

На семинарот свои теоретски и практични презентации имаа девет тренери од различни земји. Целиот настан се одржа во Кросфит Центарот Синергија во Нов Белград. Учесниците можеа да видат најразлични предавања за истражувања во спортот и тренажниот процес, видео презентации, практична демонстрација и искуствена евалуација со голем интерес во дискусиите. 

Подолу се наведени предавачите и делови од нивните биографии и постигнувања!

Метју Валдена (Matthhew Walldena) е остеопат и натуропат кој работи во Лондон и има титула C.H.E.K практичар од 4-то ниво, а воедно работел и како консултант во Фудбалските клубови Челзи и Чарлтон Атлетик. Метју се претстави со предавање на тема ( Основните фактори во кондицискио тренинг)

Борис Симурина инаку организатор и иницијатор на самиот настан е носител на црн појас (3 ДАН), воспитаник на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград и приврзаник на холистичкиот пристап и повеќекратно тренер на врвни спортисти и екипи. Борис се претстави со темата (Тренинг на женски клиент)

Младен Јовановиќ (прв од десно) е спортски научник и тренер со богато искуство во клубови како Фенербахче (одбојка), Фудбалски клуб Рад Белград, Партизан (кошарка) и многу други. Неговата специјализација е во полето на програмирањето и периодизацијата на спортскиот тренинг, исхраната и теоријата на тренингот. неговата тема беше (Планирање на тренингот за сила користејќи - Daily Undulating Framework (DUF)

 Јоаќим Детнера (Joakima Dettnera) е Швеѓанец специјалист по Напрапатија (специјалист по мануелна медицина) и основоположник на Скандинавскиот Атлетски Центар (STAC), неговото предавање беше на тема (Core-Out холистички (STAC) пристап)

Владан Радониќ има одлична кариера како кондициски тренер во многу клубови како КК Лионс од Вршац, КК и ФК Партизан Белград, ЦСКА Москва и ОК Рабита од Баку. Неговото предавање беше на тема (Креирање програма и вежби за силов тренинг)

Томислав Долушиќ е креатор и основач на Hard Body програмата, тој е доктор по кинезиологија и стекнал многубројни сертификати во областа на фитнес индустријата во неговото 25 годишно искуство, воедно Томислав е и сопственик на фитнес центарот Dream Gym во Загреб. неговата тема беше (Претставување на Hard Body концептот)

Дамир Колеча бил 19 години професионален ракометар и има големо искуство во индивидуална работа со голем број елитни спортисти како и во елитни одбојкарски клубови како Фенербахче Аџибадем, Бабита Баку и Динамо Москва. Неговото искуство со женската одбојкарската репрезентацијата на Русија е крунисано со две злата од европските првенства. Неговата тема беше (загревање низ корективни вежби)

Стив Максвел (Steve Maxwell) е глобално познат фитнес едукатор и оснивач на US kettlebell training. Во моментот Стив патува низ светот само со неговиот ранец и живее номадски живот за да ја проповеда неговата филозофија и да испирира илјадници луѓе. Неговата тема беше (Интегрално дишење)

Владимир Банковиќ е кондициски тренер на српската женска одбојкарска репрезентација и има освоено голем број медали на светските натпреварувања. Неговата тема беше (Морфологија кај врвните одбојкари)

 

На првиот SCCSBelgrad (Strength & Conditioning Coaches Seminar) присуствуваа и претставници од македонија. Михаило Шејкероски (кондициски тренер на Локомотив Пловдив-Бугарија), Сања Костуранова - фитнес ентузијаст и слободен качувач, Иван Јовановски (кондициски тренер во А-тимот на македонската фудбалска репрезентација)

  

22 Мај 2017

За авторот