Наслов

Manmakers не се само за мажи

Ако се занимавате со кросфит тренинзи тогаш голема е веројатноста дека на оваа вежба сте помодреле од напор, а ако се занимавате со било кој спорт на аматерско или професионално ниво, тогаш со сигурност сте вежбале некој сегмент од Manmakers-ите. Вежба за цело тело со која на максимално ниво ќе согорувате калории и ќе формирате мускулна издржливост - запознајте ги Manmakers-ите кои воедно не се само за мажи. 

Manmakers претставуваат вежба за целото тело која на интегрален начин поврзува неколку различни вежби. Оригинално измислена во фитнес центарот Gym Jones (светски познат центар по тоа што на ова место се изведуваа тренинзите за филмскиот хит 300), Manmakers за кратко време го обиколи светот и тоа не без причина. Вежбата претставува комбинаија од движења која ги опфаќа јадрените мускули и големите групи на мускули на човековото тело и плус активно влијае на мускулите стабилизатори.

Како да направите Manmaker:

Постојат неколку варијации на оваа вежба но која и да ја одберете крајниот резултат е идентичен. Вежбата вклучува: чучњеви, склек, веслања и исфрлување од рамо. Еве како и по кој редослед.

  • Поставете два тега пред вашите нозе и напревете чучањ.
  • Фатете ги теговите и застанете во позиција на висок планк (штица)
  • Направете две завеслувања со теговите, најпрво со едната па со другата рака.
  • Направете склек.
  • Вратете се во позиција на чучањ и подигнете се притаа кревајќи ги теговите до висина на рамо
  • Направете исфрување преку глава

Вежбата е структуирана на тој начин што слободно можете да менувате редослед или да зголемувате повторувања на некој сегмент. Изборот е ваш.

Оваа вежба може да биде дел од вашиот кружен тренинг при што таа нема да трае повеќе од 30-45 секунди по круг или пак како независна и единствена вежба од која ќе биде составен целиот тренинг. Доколку изберете да ја работите во кружен тренинг имајте на ум дека вежбата го таргетира комплетното тело при што се активирани сите големи групи на мускули па така по оваа вежба во кружниот тренинг треба да следат вежби како што е на пример скокањето на јаже.

Ако пак одлучите тренингот целосно да го посветите на оваа вежба тогаш времетраењето треба да биде меѓу 10-30 минути зависно од можностите. Одберете тегови кои нема да ја нарушат формата на вежбата.

Очекувајте дека срцевиот ритам ќе биде на високо ниво, калориите ќе се топат како од шала и тоа ќе продолжи и по тренингот. Покрај тоа, вежбате е одлична за градење на мускулна издржливост и телесна симетрија.

Подоле следи и видео објаснување за изведување на вежбата

04 Јануари 2017

За авторот