Ковање елитен фитнес

На нашата фитнес сцена полека но сигурно преовладуваат новите КросФит трендови коишто пратикувани на соодветен и правилен начин се основа за ковање на една елитна фитнес машина. Доказ за тоа беше „Зимскиот КросФит предизвик“ кој се одржа овој викенд организиран од КросФит Скопје, а збогатен со повеќе различни тимови и вежби во трка за скромна награда, но исклучително големо задоволоство и дружба. 

Учество земаа 4 тимови од КросФит Скопје кои 3 беа мешани и еден машки тим. Други клубови кои учествуваа беа: DFO (Фитнес Револуција и МојТренер) настапи со еден машки тим, Ултимајт Фит – Алебрас со машки тим и Нагоми Фитнес со машки тим. Во многу изедначена борба со еден од Тимовите на КросФит Скопје победник беше тимот на Нагоми Фитнес.

„Драго ми е што имавме ваков настан. Целта беше повеќе да преку вежби се дружиме и забавуваме. Бидејќи веќе овој настан станува традиционален можам да кажам дека следната година ќе следат многу изненадувања и нови предизвици.“ – изјави Зоран Иванов, кросфит тренер и сопственик на КросФит Скопје. 

3,2,1 Старт

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија