Кенеди – умот зад физичкото воспитание во САД

Да беше Кенеди жив Aмериканците намаше да бидат „фром Фит ту Фет нација”. Откога ќе го изгледате видеото со кадри од средното училиште Ла Сиера во 60-тите ќе ви стане јасно дека атентаторот на Кенеди е сигурно типац што не сакал склекови во 6 сабајле и згибови до отказ пред вечера. 

 

Повеќе од јасно е дека на секој наставник по физичко воспитание и спорт ќе му се насолзат очите од носталгија затоа што ваквите примери не само кај нас, туку во светски рамки се реткост.

Да појасниме, индустријализирана Америка се соочила со застрашувачка статистика добиена од генералите на нивната Армија после походот од Нормандија до Берлин каде на терен била увидена очигледна разлика во спремноста на Европската и Американската млада военоспособна челад. Ова во Белата Куќа ги поцрвенело од срам, на кое што Ајзенхауер веднаш реагирал.

Да биде шубето уште поголемо и во Кореанската војна Америте се покажале како недоволно фит. Сето ова кулминира некаде во средината на 50-те кога е направена опсежна студија и се добиени резултати дека децата од САД се многу погојазни и кондициски многу послаби од нивните врсници од други земји.

За да го спроведе Ајзенхауер планот за затегање на нацијата минувал низ редица бирократски патрдии и никако не успеал да најде формула, уседаниот пред кутијата (ТВ) Американец да стане и да се раздвижи. На оваа проблематика Кенеди влага во клинч, сука ракави, вика фаци од струката им дава „лајснс ту кил” и резултатот е гимназијата Ла Сиера која треба да биде протомодел како се гради енергично општество.

Искрено видеово нè остави без зборови. И додека американците го чекаат воскреснувањето на Кенеди, за тоа време бачушките не спијат

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија