Гаџет за поедноставен фитнес

Некои гаџети едноставно го менуваат начинот на кој вежбаме. Затоа и светските компании се натпреваруваат која ќе произведе полесен и поедноставен, а со повеќе функции.

Компанијата Scosche произведе еден таков фитнес монитор кој го мери пулсот и согорените калории, а има можност за поврзување со iPad, iPhone и други андроид уреди со кои овозможува прецизно мерење на основните фитнес вредности.

Scosche RHYTHM-фитнес мониторот ги следи срцевите отчукувања и користи лесен интерфејс за да ве држи фокусирани на тренингот.

Се става околку рака и го мери пулсот со користење на комбинација од две наизменични LED диоди и фото сензор. Со помош на интегриран акцелерометар и поврзан 3Г/4Г уред, тој пресметува согорени калории, брзина, локација, мапа, време и податоци за досегашното возење.

RHYTHM има и виртуелен тренер кој обезбедува вербални инструкции кои им помагаат на корисниците додека вежбаат.