Фитнес за да не ве тепа внучко во шах

Поврзаноста меѓу активниот животен стил и одржувањето на солидни когнитивни способности (шо би се рекло бистар памет) на стари години е сè поголема.

Нова студија правена на Универзитетот во Монтреал ја открива поврзаноста помеѓу вежбањето во младите години со успорување на процесите на артериосклероза (задебелување и губење на еластичноста на ѕидовите на крвните садови поради процесите на стареење ! да не се помеша со атеросклероза – наталожување на липидни плак формации), нешто што е многу важно за зачувување на остар ум, особено во поодминатите години. 

Крвните садови природно започнуваат да се задебелуваат околу 50-тите години и тоа започнува од аортата па продолжува во помалите крвни садови. Експертите одамна ја поврзувале артериосклерозата на крвните садови со намалување на когнитивните функции на мозокот, но ова е една од првите студии тоа да се докаже. 

Во испитувањето беше докажано дека младите индивидуи (оние кај кои овој процес се` уште нема почнато) даваат подобри резултати на тестовите во однос на старите, но интересно беше тоа што меѓу постарата група, оние кои редовно вежбаат во своето секојдневие имаат подобри резултати од оние кои имаат неактивен живот. 

Теоријата вели дека колку поназначена е артериосклерозата толку потешко оди исхранувањето на мозочните клетки што во спротивно дава поспоро однесување кога се поставуваат некои задачи. 

Иако губењето на когнитивните способности е во голема мера поврзано и со генетиката, тоа е исто така моделирано од нашите животни стилови – вели Др. Жералд Флечер.

„Да се има добар кардио „профил“ прави едно успорување на овие процеси, додека високиот притисок и холестерол го прават обратното. Доколку работите на вашето кардоиваскуларно здравје, многу веројатно е дека ќе живеете подолго и дека ќе го тепате внучко во шах.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија