Ефектите од хипербаричната оксигенација на протокот на крвта

 

Нормален проток на крв

Воздухот кој го дишиме содржи 21% кислород, и нашите бели дробови овој кислород го пренесуваат до црвени крвни клетки – зрнца (преку хемоглобинот). Вака исполнети со кислород црвени крвни клетки се движат во нашето телото со крвната плазма, течност која патува низ крвните садови. Кислород навлегува (дифундира) во околното ткиво токму таму каде е најпотребен.

Ограничен протокот на крв (исхемија) предизвикува Хипоксија

Кога постои ограничување (оклузија) во протокот на крв кое се должи на хируршка интервенција, болест или повреда, црвените крвни зрнца го блокираат крвниот сад и не се во состојба да го пренесат кислород до клетките на другата страна на оклузија. Ова предизвикува оток и изгладнување на околната областа со кислород, или таканаречена хипоксија (недостаток на кислород во клетките). Кога се случува овој процес ткивото почнува да изумира – распаѓа. Хипоксијата предизвикува “апоптоза” (слика долу-десно; програмирана клеточна дегенерација – згрушувањето и здружувања во кластери на оштетените нервни клетки опкружен со здрави невронски патишта).

Апоптозата модифицира израз на пластичност (способност на телото за поправка). Апоптотичките тела и изменети ДНК фрагментации се забележани во аваскуларни исхемични регии со зголемени инхибиторски биохемиски фактори (протеини) ослободени во оштетените делови на мозокот и ‘рбетниот мозок кои предизвикуваат натамошни влошувања-повреди. Апоптоза е идентификувана во сите невродегенеративни нарушувања вклучувајќи ги повредите на мозокот и ‘рбетниот мозок. Апоптозата поттикнува циклус на континуирана дисфункција, дегенерација и на крај смрт на невроните.

Хипербарична оксигенација

Дишење 100% кислород под притисок предизвикува дифузија-растворање на кислородот во крвната плазма. Вака збогатената крвна плазма со кислород е во состојба да ги помине настанатите ограничувања, распространувајќи се до 3 пати подалеку и подлабоко во ткивото. Зголемениот притисок на кој е изложено околното ткиво, помага да се намали отокот и непријатното чувство, додека обезбедувањето на телото со најмалку 15-20 пати поголема количина на кислород од нормалната помага да се обноват оштетените клетки како резултат на оклузија или хипоксична состојба. Хипербарична Оксигенација (ХБОТ) директно ги зголемува растворливите ефекти на кислородот во ткивата и предизвикува враќање на снабдувањето со крв на компромитираните регии со развој на нова капиларна мрежа (неоваскуларизација), што му овозможува на телото да го смени курсот и влијанието на процесот на болеста.

Невроваскуларна регенерација

ХБОТ го мобилизира телото во циркулација на матичните клетки. За една двочасовна изложеност на HBOT на 2 АТА двојно ја зголемува циркулацијата на CD34 + прогениторните матични клетки (клетки насочени да ги спасат и обноват оштетените регии); и во приближно 40-часовна изложеност на HBOT; циркулацијата на CD34 +прогениторните матични клетки, се зголемува осум пати (800%).

Prepared by Malcolm R Hooper – HyperMED Australia
Превод : Специјализиран ХБО2Т –центар, СКОПЈЕ