Дали вежбањето со тежини го спречува растењето на телото?

Една добро структуирана програма треба да ја подобри јачината на еден млад спортист, а со тоа да се намали ризикот од спортски повреди и да се подобрат неговите атлетски перформанси.

За разлика од општото верување дека вежбањето со тежини може да ги оштети растечките плочи или да го спречи нивниот раст, неодамнешните студии сугерираат дека, всушност, овој вид на тренинг прави посилна коскена структура.

Всушност, нема пријавени случаи за повреда на коските додека се тренирало силов тренинг. Децата што тренираат се чувствуваат подобро со себеси кога ќе станат посилни и имаат повисока самодоверба.

Но вежбањето за сила НЕ е исто како тренингот за моќ или како тренингот со тежини, односно бодибилдингот. Сепак, има многу случаи каде млади лица под 18 години вежбаат бодибилдинг, иако не се препорачува за децата во развој. Да ги зголемиш мускулите не треба да биде цел во програмата на силовиот тренинг.

Децата и помладите треба да ги вежбаат нивните мускули со користење на полесна тежина (или со својата телесна тежина) и со голем број на повторувања, наместо кревање на тешки тегови. Само откако ќе ја поминат возраста на пубертетот, тие може да размислат за зголемување на мускулниот раст.

Научниците за спорт велат дека добро структурирана програма за сила може да донесе многу добра физичка подготвеност кај децата.

Еве неколку упатства од Американската академија за спортска медицина:

* Децата треба да бидат соодветно надгледувани за време на тренингот.

* Тие мора да изберат соодветна рутина за вежбање што е за нивната возраст – обично 30 секунди одмор меѓу интервалите и соодветно загревање и ладење на мускулите пред и по тренингот.

* Осигурајте се дека вежбите се извршуваат согласно со моменталната форма и со правилна техника.

* Децата треба да започнат со релативно мали тежини и со голем број на повторувања.

* Дигање големи тежини не треба да се вклучува во тренингот.

* Оваа програма треба да биде дел од целосна фитнес програма.

* Сесиите треба да бидат разновидни и забавни.

Многу е важно децата да извршат целосен лекарски преглед пред да започнат со програмата за сила.

Младите спортисти не треба да употребуваат суплементи ако јадат добро балансирана исхрана, но дополнување со мултивитамини и минерали може да биде од помош.

Не постои истражување кое ја поддржува употребата на суплементи за младите спортисти, а долгорочните ризици се непознати.

Американскиот колеџ за спортска медицина советува децата што имаат помалку од 18 години никако да не се консумираат креатин.