Чучањ версус ножна преса

Можеби некогаш сте се запрашале што е подобро да правите за да имате подобар ефект за вашите нозе, дали да биде почесто чучањ или ножна преса? Дилеми постојат, но еве информации кои ќе ви помогнат подобро да ја разберете разликата кај овие две вежби.

За да изградите добро обликувани нозе секако дека треба многу посветеност, веријации во тренингот и некој други фактори. Овие двe вежби се несомнемо клуч за изградба на цврсти нозе и квадрицепси, но сепак постои разлика.

Чучањот во најразлични варијации е една од најстарите вежби кој се втемелуваат во бодибилдинг културата многу рано во самите почетоци. Оваа вежба симултано активира голем број на мускулни партии во споредба со други вежби.

Главните актери се квадрицепсите (предна ложа на надколеницата), хамстринг (задна ложа на надколеницата) глутеуси (бедрена мускулатура), додека споредните улоги ги играат мускулите на торзото и на карлицата која го потпомагаат и стабилизираат движењето.

Оваа вежба активира поголем мускулен простор, иако генерално ги активира нозете. Мускулите кој се стабилизатори во оваа вежба односно движење се помали и се активираа дополнително ако вежбата се изведува во услови на надворешен отпор со слободни тегови.

За да изведете успешен чучањ се активираат и мускулите на стомакот (правиот, напречниот, и косите внатречни и надворешни абдоменални мускули). Подигнувачите на грбот (еректор спинае) на лумбалниот дел се во изометриска контракција за да ја задржат положбата на телото додека се изведува движењето во зглобот на колкот и коленото.

Опсегот на движење во коленото и колкот кај чучањот е голем во споредба со ножната преса, тоа означува и поголема мускулна активација и подобро оформување и развој. Опсегот на движење во колкот е она што во практика ја прави разликата помеѓу чучањ и ножна преса и со тоа разликата во учеството на глутеалната регија.

Од друга страна, ножната преса го концентрира напорот кон предната ложа и со тоа помага за нејзино подобро обликување.

Во практика, таквата изолација неможе да се направи со чучањот како што тоа може да се направи со пресата. Другата предност на пресата е што можете да подигнете поголема тежина а притоа да немате толку голем ризик за повреда, каков што постои кај чучањот со слободна тежина.

За чучањот ви треба и техника, флексибилност и добра функционалност на телото за да го изведете правилно, додека кај пресата сè е поедноставно. Секогаш бидете внимателни во дозирањето и во изведбата особено кај чучањот со слободна тежина.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија