Би вртеле ли педали под работното биро?

Освен ако не работите во фирма за вело-достава, многу веројатно е дека сте заковани на столче за време на работа. А што ако имаш можност под бирото да вртиш педали?

Поминување на најголемиот дел од работно време седејќи претставува вистински ужас за нашето тело, а штетата од оваа положба која е се повеќе поврзана со работните позиции врз здравјето на човекот не е баш лесно да се неутрализира со активност после целодневно седење. 

Едноставно човекот е потребно да прави што повеќе паузи од седењето, да се размрдува и доколку има можност да се движи што почесто во овој период. Порастот на ваквите работни позиции станува се поголем во новиот свет па затоа потребно е што побргу да најдеме начин како да се справиме со лошите ефекти кои паѓаат на нашето здравје. 

Во Америка, нација која е страшно многу зафатена од ефекти од лошата исхрана и неактивниот начин на живот скоро беше на правена една мала студија за да се види дали луѓето од една компанија би прифатиле да работат на нивното биро, но со мала измена, да вртат педали под бирото за време на некој период од денот.

Точкарските бироа (колку и да звучи смешно) се еден од интересните начини како може да се направи намалување на штетните ефекти од седењето кај оние луѓе кои целото работно време им е врзано за стол. Во студијата се покажа дека вработените во фирмата на кои им било понудено да го прават ова, тие го прифатиле и во голем процент го правеле. 

Повеќето од ниве вртеле по еден час во просек на ден, а оние кои се закачиле на ова, вртеле дури и до 3 часа. Најважната работа е тоа што дури на 70 проценти од нив им се допаднало новото биро и побарале тоа да им остане за понатаму.

Покрај многуте здравствени ефекти кои оваа мала физичка активност ги прави врз нашето тело, тие истотака пријавиле дека биле многу посконцентрирани и продуктивни на работното место. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија