Наслов

Збор-два со Маја Талевска за „Антигравити Фитнес”

Маја Талевска е амбициозна пилатес инструкторка и сопственик на студиото Body Concept. За нејзината работа и новитетите во понудата Маја ќе ни објасни во краткото (Блиц) интервју каде детално ќе ви биде претставен „Антигравити Фитнес" концептот..

Со последнот месец од оваа година, можам да нагласам дека 2017година за мене беше година на радикални промени, одлучувачка година, бидејќи конечно се изреализира мојата долгогодишна желба, а тоа е отворањето на моето сопствено студио Body Concept.

Концепт за совршена женска линија во кое се понудени доста атрактивни програми. Уште пред отворањето, веќе докажана како долгогодишен пилатес инструктор и поранешна балерина, работев на современи пилатес програми како PILATES BARRE, ULTIMATE PILATES, но постојано ми недостасуваше нешто ново, нешто што досега не е понудено кај нас. Уникатно и доста интересно за целата македонската популација. Станува збор за ANTIGRAVITY FITNESS.

Постојано ги следев едукативните конкурси, и конечно решив да се пријавам на еден таков тип на едукација, која ми овозможи да се здобијам со сертификат, и лиценца од оваа област. Ги поминав прелиминарните тестови и зедов учество во едукативната програма, на која имав можност да споделам искуство со пилатес и аеробик инструктори од Балканот, да одржам своја презентација со свој Pilates Barre час, а воедно со успешно завршување на програмата да се здобијам со лиценца односно, сертификат за антигравити инструктор. На мое големо задоволство прва во Македонија.

Антигравити претставува исклучителна програма за телото и филозофија на умот, која за прв пат се појавува во 1991 година во САД (Њујорк) што значи дека станува збор, релативно млада дисциплина. Антигравити претставува одлична тренинг техника во движењата на спортот и уметноста, која и кај спортистите и кај танчерите дава разновидна конкурентска предност. Пронаоѓач, уметнички директор и основач на оваа атрактивна програма е Кристофер Харисон, кој е поранешен акробат и танчер на Бродвеј, истакнат гимнастичар и учесник во олимписките игри.

Кристофер Харисон вели дека сè што треба е да верувате во полезностите и безбедноста на антигравити техниката, односно да го суспендирате своето неверување. Мора да се напомене дека долги години е работено на безбедноста и издржливоста на хамокот, (свилена импровизирана лежалка) на која се изведуваат движењата. Антигравити хамокот, има издржливост до еден тон, одноно е тестиран на (бебе слон).

Антигравити гаранцијата на Кристофер Харисон, е дека ќе ве направи посреќни, поздрави и повисоки во само една сесија.

Придобивки и бенифиции, зошто е поразлична од се останато до сега, и зошто би избрале Антигравити фитнес:

-Се зголемува мускулната флексибилност, мускулна напнатост која пренесува порака за еден вид на самомасажа.
- Зајакнување на горните и долните мускули на телото (екстремитети)
- Зајакнување на целто тело
- Низок кардиоваскуларен уред
- Подобрување на сите основни процеси во организмот
- Поголемо присуство на концентрација
- Зголемена острина и одговорност
- Учење на нови способности и креирање на уметничко фитнес искуство
- Еден вид на забавно искуство кое работи во функција на мускулите
- Таканаречена „Зеро Компресија” (со користење на антигравити хамокот, доаѓа до освежување на ендокриниот, лимфниот и дигестивниот систем) регулирање на хормоните, како и зголемена циркулација.
- Растењето како уникатна и единствена бенифиција (се мисли на растење во висина)☺
- Како и со секое вежбање се лачат хормони на среќата, серотонин, ендорфин, допамин и сите останати...
- Резултат, на блескава и свиленкаста кожа, без испукани капилари, еден вид на целосно освежување.

Часовите може да ги посетуваат сите кои се чуствуваат здраво, и кои се спремни да се здобијат со ново искуство, кои се спремни да излезат од зоната на комфорот, спремни да откриваат нови и атрактивни движења, кои иако изгледаат акробатски, се лесно остварливи. Како инструктор од оваа област од мене се бара да ги следам сите правила и норми кои ги наметнува оваа програма и се во согласност со стандардите кои ги диктира Антигравити програмата.

Контраиндикации би можеле да се јават кај луѓе со висок крвен притисок, очен притисок, епилепсија, полесни повреди на главата, мозочен удар, вртоглавици, тежок артритис, церебрална склероза, како и ботокс во последните шест часа.
Инаку часовите се одвиваат во Body Concept во мали групи, како дупли индивидуални тренинзи, гарантираат апсолутна посветеност и контрола од моја страна, како инструктор. (се изведуваат со најава за слободен термин) на мое големо задоволство интересот е голем. ☺ меѓу другото, по завршувањето на часот, слушам позитивни реакции дека по тренингот се чуствуваат исполнето среќно и опуштено како да биле на масажа.

22 Декември 2017

За авторот