Фитнес

Трчањето е најсилниот лек за подобра меморија, велат истражувачите.

Чисто ако се прашувате како се станува еден од најелитните спортисти на планетата, одвојте околу 6 минути во кои маестралниот Килиан Жорнет ќе ви објасни нешто повеќе за неговиот тренинг и начин на живот. Секако дека равенката е добро познатата - малку талент, а многу многу работа и тоа уште во раните години од животот, а нормално, ако не уживаш во сето тоа, нема да имаш никаков напредок. 

Маја Талевска е амбициозна пилатес инструкторка и сопственик на студиото Body Concept. За нејзината работа и новитетите во понудата Маја ќе ни објасни во краткото (Блиц) интервју каде детално ќе ви биде претставен „Антигравити Фитнес" концептот..

Од 20-21 Mај 2017 во Белград се одржа првиот SCCS (Strength & Conditioning Coaches Seminar) во организација на Борис Симурина. Семинарот беше наменет за кондициски тренери кои работат во групни и индивидуални спортови, персонални тренери и фитнес ентузијасти.

Шампионатот во Формула 1 отсекогаш бил натпреварување кое важи за исклучително ризично и возбудливо во исто време. Секој има свој тим или пилот за кого навива, но дали некогаш сте се запрашале како изгледа тренингот, оној во вежбална, на еден Ф1 возач и колку се тие физички спремни? На неполни 10 дена пред новата сезона која стартува во Австралија, ѕирнете да видите колку сериозно работат Ф1 пилотите на својата физичка пропрема, сила, издржливост.. 

Да речеме дека се подготвувате за првиот маратон или пак сакате да го подобрите своето најдобро време. Претпоставката е дека голем дел од вашето слободно време е посветено на оваа цел. Дисцплинирани сте и фокусрани но понекогаш се чувствувате како некој да ве влече назад. Ако е така, тогаш, дали сте чуле за претренираност?

Да бидеш велосипедист во идеални временски услови е лесно, арно ама, да бидеш велосипедист на температури под нулата треба да си многу мотивиран и екстремно посветен на спортот. На сите оние кои не се штедат на ваквите услови им симнуваме капа, за останатите имаме решение за одржување на формата и одлична подготовка за претстојната сезона.

Една добро структуирана програма треба да ја подобри јачината на еден млад спортист, а со тоа да се намали ризикот од спортски повреди и да се подобрат неговите атлетски перформанси.

Со Slackfit®, досадните машини со тегови, монотоните ленти за трчање и тотално неинвентивните групни часови се фитнес трендови кои стојат некаде во позадината на салата за вежбање. Единственото чувство за рамнотежа на Slackline, ефективноста на вежбите и еден тон забава се мотив за редовен и успешен тренинг, баш баш за сите.

Ако гледаме на задникот од чисто физиолошки и функционален аспект и ја анализираме неговата важност и влијание врз целокупното тело, тогаш слободно може ич да не ни е гајле за тоа што дополнително добро ќе изгледаме. Чекај, обратно да не беше?

Дека склекот е крал на вежбите со сопствена тежина доказ се и безбројните варијации на истиот. Ги изведуваат сите и насекаде. Претпоставуваме дека познавате најмалку три или четири вида на склекови кои редовно ги практикувате и за кои знаете се што може да се знае. Сепак, дали ви е здосадено од правење склекови и дали знаете што е брејкденс склек?

Facebook