Руски појас – тренинг парче со вонвременски шарм

Шведски сандак, бугарска вреќа, руско ѕвоно, па зошто не и руски појас. Одлично помагало што плени со својата едноставност и вонвременски шарм.

Појасот во глобалниот медиумски простор доби на хајлајтс откако Меси беше снимен на базата во Барселона како прави тренинг со помош на ова парче опрема, инаку во Шпанија попознато како Цинтурон русо

 

Како и многу други помагала и методики така и Цинтурон русо си е советска школа што дефинитивно најде свое место во западната тренинг култура. Неговата генерална е за тренинг на мускулите на нозете и нормално со ефект во лумбалната мускулатура

Откако екцентричниот тип на тренинг зема залет во фитнес индустријата многу студија, фитнес центри и тренери за индивидуалната работа со спортистите го користат појасот сè повеќе и повеќе,  за превенција од повреди, активација и зголемување на тонусот, флексибилноста и силата на мускулите на нозете.

ЛИНК СО ДЕТАЛНИ ОБЈАСНУВАЊА И ВЕЖБИ СО РУСКИОТ ПОЈАС 

Едноставноста, конвенционалноста и издржливоста на овој продукт го прават практично незаменлива алатка, многу е побезбеден во споредба со тегови, олимписки шипки каде ризикот за повреда на рбетот и колената е особено висок.

Нискиот ризик и стерс фактор а високата ефективност во силовите придобивки го прават Рускиот Појас незаменлив.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија