Како да се направиш срча во Казнено поправен дом!

Ако сте направиле беља и ќе лежите подолго зад решетки, ете ви повод како да се посветите себеси и да направите срча тело.. Слободно време ќе има, a ќе ви треба уште книгата на Пол Вејд, Convict Conditioning, бивши затвореник кој усовршува програма за развој на мускулната маса, намалување на масното ткиво и цврстина на зглобовите само со помош на калистенични вежби.

Неговото искуство преточено во двете изданија на книгата побудува голем интерес во Америка каде многу луѓе ја применуваат оваа програма во нивниот тренажен процес. Минималистичкиот пристап и потпирањето на целата структура врз варијации направени од вежби со сопственото тело ја зголемуваат практичната примена на овој тип на програма, не само зад решетки.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија