Девојки, 4 едноставни вежби за секси раце

Четири едноставни вежби што можете да ги изведете секаде. Доволно ви е да имате еднорачни тегови, а ви препорачуваме тежини од 5 кг. Но доколку тежината е преголема или премала за стимулација, користете помали или поголеми тегови. 

Вежба 1

Започнете со оваа класика, флексија во зглобот на лактот, раширете ги нозете во ширина на рамената. Исправете го рбетот и рамениците. Внимавајте да нема движење на надлактот за да направите изолирање на оваа мускулна група (сликата подоле). 

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.

Вежба 2

Позната како чекан, ова е уште една вежба која ги активира мускулите на надлактот, кој во оваа (неутрална-ниту е супинација, ниту пронација) позиција на држење на еднорачните тегови го активираат повеќе брахиалниот мускул во споредба со претходната вежба која го стимулира повеќе двоглавиот мускул. 

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.

Вежба 3

Трицепс потисок над глава во кој ќе употребете само еден еднорачен тег и започнете го движењето како што е прикажано на сликата подолу. 

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.

Вежба 4

Легнете на грб и свијте ги колената, теговите во почетна позиција држете ги до ушите, како што е прикажано на сликата подолу. Во интегрално движење поткренете ја карлицата и едновремено исправете ги рацете со што ќе ги го активирате трицепсот. Оваа вежба дополнително ќе ја тонизира глутеалната регија. Уживајте во секој сет.

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија