Дефиниција

Тркалото за вежбање на стомачните мускули е едноставна и компликувана направа во исто време. На прв поглед тоа е само тркало со рачки од двете страни, а дополнително, доколку набљудувате некој кој е искусен со ова парче опрема, може да стекнете погрешен впечаток дека оваа вежба е многу лесна. Суштината е потполно различна. Ова е вежба која спаѓа меѓу најкомплексните кога е во прашање работата на стомачните и јадрените мускули и начинот на кои истите се ангажираат.

Веруваме дека сите што некогаш се бавеле активно со некој спорт, се нашле во ситуација да си го постават ова прашање. Потерата по фамозните "плочки" на стомакот честопати може да биде психолошко оптеретување посебно за оние кои очекуваат брзи резултати. Ајде да видиме дали вежбањето стомак треба да биде секојдневно и дали единствено квантитетот сосебе носи успех?

Facebook