Српски аеробик во „60 минути за неа“
Аеробик на српски начин. Нешто сосема ново, иновативно и забавно во нашиот ни главен град.
Овој тренинг е прв од ваков вид и го посетуваат дами кои се расположени за трошење калории на Балкански хитови, во MIX AEROBIK темпо само во Фитнес и Аеробик Клубот за девојки и повозрасни дами „60 Минути за неа“.
Самиот тренинг е исполнет со комбинација на класичен аеробик, hi-low, tai bo, latino, work out, пилатес, јога што е всушност суштината на MIX AEROBIK. На тренинзите се користат и реквизити од типот на: траки, топки, тегови, степери како би се актвирале додатно одреден дел на мускули, а во одредени вежби се користи само сопствена тежина што доведува до постигнување на оптимални резултати за многу кратко време.
Со редовно практикување се постигнуваат оптимални ефекти на зацврстување, слабеење, пост-породилно опоравување, максимално релаксирање и акумулирање на стресот. Самата инструкторка Вера Чолаковска (од Србија) е пример за резултат како млада мајка со преку 10 годишно искуство во светот на аеробикот.
Супер забава за Балканска душа!