Сакам трчање на Водно

Оваа сабота, на трим патеката на Водно, во организација на АК Маратон Клуб Делта и под покровителство на Град Скопје се одржа трката „Сакам трчање на Водно“. 

Во првиот дел од трката, 1,5км рекреативно истрчаа повеќе младинци од средните школи и факултети на државава, а во вториот настапија атлетичарите кои трчаа кружна патека, Средно водно – Марково Крувче (8км за мажи и 4 км за жени).

Настанот помина одлично, а нашиот тим беше на лице место да го снима. Трим патеката е отворена и широко користена од граѓаните, а особено од оние кои попрофесионално се занимаваат со спорт, па случајно успеавме да ги начекаме и ракометарите на РК Металург и македонските репрезентативци во Кик Бокс кои правеа тренинг на оваа локација. 

Овде може да ја погледнете галеријата од настанот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија