Трчање во секакви услови

Ако можам јас, можеш и ти!

Ова е еден тренинг чија идеја е да мотивира луѓе кои што мислат дека немаат време,ниту услови да тренираат. Вистинското прашање е дали навистина сакаат? 🙂

”На работа сум од 8 до 16ч. После тоа имам и други обврски кои ми завршуваат во 22ч. Немам време за спортување.” – Уште едно ново класично оправдување 🙂

Еве чист доказ дека човек може да оствари сe што ќе посака.

Почеток на тренингот во 6 часот наутро. Има густа магла,а воздухот е загаден и неколку пати повеќе од нормалата. Зима е и многу е ладно. Проблем? Нема проблем! 🙂 Ќе трчаме на Водно,барем таму има чист воздух.

Будење 30 минути пред да започне тренингот. Задолжителни утрински ритуали со миење и освестување 🙂 Потоа следи, вода, чај и шејк, загревање и истегање по дома и подготвен сум за уште еден нов утрински тренинг. Уште еден нов предизвик во себенадминувањето! Трчање од Кисела Вода до средно Водно! Темницата и мразот на некои делови од патот ќе бидат само дополнителна мотивација. 40 минути тренинг за добро утро! Имајте најубав ден! 🙂