таг / вежбање

Веруваме дека сите што некогаш се бавеле активно со некој спорт, се нашле во ситуација да си го постават ова прашање. Потерата по фамозните "плочки" на стомакот честопати може да биде психолошко оптеретување посебно за оние кои очекуваат брзи резултати. Ајде да видиме дали вежбањето стомак треба да биде секојдневно и дали единствено квантитетот сосебе носи успех?

Подолу ќе ѕирнете едно кратко видео интервју со Страус Зелник, директорот кој има зацртано дека неделните периоди за тренинг ќе ги третира со ист приоритет како и состаноците и работните часови, а не како опција за забушавање и откажување - како што најчесто луѓето прават. Мотивациона дополна се неговите 59 години, физичката спремност и изглед, а и фактот дека тој работи како директор на компанија за развивање на видео-игри.  





Дамите, за разлика од мажите, многу потешко можат да создадат мускулна маса. Ова е факт кој првенствено произлегува и е зависен од нивото на тестостерон кој кај жените е многу понизок. Сепак постојат разлики...

Ако правиш проста математика можеш веднаш да израчунаш дека ако не вежбаш на годишно ниво ќе заштедиш 12 месечни чланарини (или трошоците за што и да вежбаш). Ако правиш паметна математика тогаш ќе знаеш дека ако не си активен ќе дадеш многу многу повеќе пари на лекување... 

Овогодинешниот Фит Предизвик стартуваше со полна пареа и веќе на второто натпреварување тимовите беа влезени во шема, натпреварувачки настроени, но пред сè, расположени за спортско дружење. Во меѓувреме ги прашавме да ни кажат по нешто за тимот...

Па дури и ако не се прави некоја значителна разлика во вагањето после долготрајните тренинг и хранителни режими, не треба да се паѓа во очај. Две прелиминарни студии велат дека вежбањето прави промена на типот на масните наслаги, претворајќи ги „лошите“ во „добри“. 

Во случајот на луѓе кои имаат надпросечна тежина и мака мачат со нормализирање на дебелината, првите 5% од слабеењето носат и најголеми придобивки по здравјето. Да видиме што значи да ослабеш само 5%?

Регионалниот лидер во областа на здрава храна, суплементи, спортска облека и фитнес опрема, повторно подготви акција за поттикнување на здрав и активен живот.

Ако по било кој основ, физичката активност во доба на бременостa ја сметате за помалку опасна и рискантна работа и решавате удобно да бидете мрзелива трудница, прочитајте што велат современите научни истражувања на оваа тематика.

Спортскиот центар за жени ФОРМА ВИТА 2013 од Струга е едниствен центар во градот каде што се применува пилатес , кардио аербок , степ аеробик, и индивидуални тренинзи за жени. Во овој центар работат тројца стручно обучени тренери со завршен факултет за физичка култура.

 

Констатирана е најмалата доза вежбање што ви е потребна за да ги постигнете сите здравствени ефекти што ги нуди физичката активност...

FB Препораки