таг / велосипедизам

Екипата на We Love Cycling направи еден интересен проект во кои се покриваат сите невозможни услови и „ма каква инфраструктура” за возење точак низ еден од најгусто населените градови во светот - Бомбај. А ние мислевме, Скопје, Тетово НаТочак.... 

На англиски си постои еден убав термин кој го означува оној пат кога шоферот од паркираното возило практично ќе го сокрши велосипедистот со тоа што ќе му ја отвори вратата пред тркало. Терминот doored - во наш слободен превод да те „извратарат” е реален и сериозен проблем во градскиот велосипедизам низ светот, а во Холандија како една од нај културните и развиени земји за ова, постои и „холандско посегнување” како превентивна мерка за вратарењево велосипедисти. 

Бугарските ентузијасти за долги и напорни велосипедски возења успеаја да ги изминат 682-те километри на Дунав Ултра за помалку од два дена. Оваа година предизвикот беше исполнет со комбинација од трчање и велосипед. 

Оваа година Македонската Тур де Франс Експедиција ќе се одмори од превоите на Алпите и гужвата на Тур де Франс, а ќе си постави друг предизвик.

Униор алатите за велосипеди сега се официјални партнери на четирите водечки UCI World Tour екипи: Etixx - Quick-Step Cycling Team, Movistar Team, Team Sky и Trek-Segafredo.

Денеска ако немаш „Деоре” шифтери, „Рок-шокс” амортизер и што ти ние знаеме какви хидраулики и дискови на кочниците, тогаш исто како и да немаш велосипед, во превод, маунтинбајк индустријата има толку многу пораснато што веќе не знаеме каде се границите на помодарство и реална потреба за практикување на еден прилично едноставен спорт. А замислете како им било на вистинските хард-кор момци - пионери во спортот кои возеле со нивните никакви железни точачиња со екстремно зезнати преноси и опреми во зародишот на она што сега скоро секој од нас го практикува... 

Крис, а зошто трчаше нагоре по планината, да не заборави дека си на Тур де Франс? Урнебесна средба на главните фаци од велосипедскиот тим Скај од Велика Британија (трикратни шампиони на Тур де Франс) заедно со „подмладокот” од тимот. 

Овој викенд со старт и финиш во Софија се одржа овогодинашното издание на еден од најстарите и најмасовните планински настани во Бугарија - Витоша 100. Македонија може да се пофали со едно второ место и тоа во женска конкуренција, две машки во први 10 и повеќе други финиширани спортисти од околу 2500 натпреварувачи. 

Сакате да експериментирате со вашето велосипедско седиште, но се плашите да пробате нешто ново за да не ја изместите вашата постоечка позиција?

Оваа година Тиквешките Точкаџии од кавадаречко ги канат сите љубители на спортот и рекреацијата да го посетат скриеното богатство во пазувите на Кожуф и регионот на Мајден, Рожден, Мрежичко и рудникот Алшар светски познат како едно од ретките наоѓалишта на лорандит. На репертоарот следат две вело-тури, планинарење, трчање, забава, кампинг и многу повеќе... 

FB Препораки