таг / трчање

Иако кратките и долгите атлетски дисциплини технички спаѓаат во една иста активност - трчање, тие драстично се разликуваат на еден куп полиња. Само тргнете од градбата на спринтерите во однос на онаа од маратонците и на сите ни е јасно дека нивните тела се вајаат за различни патеки, брзини и дистанци. Сепак, тоа не значи дека ефектите од тренинзите не може да се преклопуваат... 

Човекот кој маратоните ги трчаше во ретро патики од 70тите, тренираше сам на гробиштата близу неговата куќа и кој ни самиот не знаеше колку светски маратонски рекорди запечати во неговиот живот, оваа недела на негови 86 се отпиша од живите и се запиша во легендите. 

Темпо тренингот е вид на тркачки тренинг кој се трча на или околу границата на лактатниот праг. Едноставно објаснет, ова е брзина на која доаѓа до наталожување на млечна киселина во мускулите на нозете а тренингот на оваа брзина ни помага да го подигнеме нивото на лактатниот праг, односно да трчаме побрзо пред мускулите да почнат да се заморуваат.

Да речеме дека се подготвувате за првиот маратон или пак сакате да го подобрите своето најдобро време. Претпоставката е дека голем дел од вашето слободно време е посветено на оваа цел. Дисцплинирани сте и фокусрани но понекогаш се чувствувате како некој да ве влече назад. Ако е така, тогаш, дали сте чуле за претренираност?

Третото издание на которскиот вертикален предизвик е веќе објавено, а следи и одлично видео загревање за трката која буквално оди од морето до небото на Бока Которска. 

На 29 Јануари оваа година, Рон Хил реши да направи нешто што го немаше направено половина век. Реши да земе еден ден одмор од трчање.

На 19 февруари 2017 на маратонот во Севилја, Шпанија, 58-годишниот Стиви Смит успеа да заврши маратон за под 3 часа, поточно за 2:56:16 или со просечно време од 4:12 минути по километар. За Стиви трчањето на маратон со вакво темпо не е воопшто нова работа, но интересно е тоа што со овој резултат тој успеа да влезе во аналите на атлетичарските рекорди како човек што има направено најголема старостна разлика од неговиот прв официјален маратон истрчан за под три часа и овој сега - точно 40 години. Ако нешто не ви е јасно, тогаш прочитајте уште еднаш, потрчајте и размислете. 

Кога стариот кардиолог и долгогодишен маратонец Д-р Бен Ронин налетал на натписите и студиите кои пред скоро време го извадија муабетот дека „премногу вежбање може да те убие”, тој решава да погледне нешто подетално во стапката на морталитет во неговиот стар тркачки клуб „Појадок” основан уште во 70-тите, кој се уште е активен и со доста стари членови над 70 години.

Како ви зучи трчање на еден маратон дневно во текот на седум последователни денови на седум различни континенти? Ај што Маратонскиот светски предизвик измислен од Ричард Донован стекнува се поголема популарност, но и оваа година беше поставен екстремно силен просек од страна на американскиот маратонец Мајкл Вардиан кој постави нов рекорд на предизвикот.  

Сезоната на интензивни тренинзи и трки е завршена. Следува период кој е исклучително важен за вашето тело. Ова треба да претсавува време во кое одново ќе ги наполните батериите за да влезете свежи и мотивирани во новиот циклус на натпреварувања.

FB Препораки