таг / спорт

Женскиот спорт во Македонија е маргинализиран и поретко пласиран во јавноста, и оваа акција има за цел повторно да го популаризира и промовира значењето на женскиот спорт, важноста од успешни примери (role models) кај помладите генерации, како и итноста од креирање на стратегија за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Жаклина е нашата прва соговорничка со која ја отпочнуваме следната активност на ТАКТ која подразбира објавување на интервјуа со наши познати и помалку познати жени спортистки кои јавно проговоруваат за предизвиците со кои се соочуваат во нашата средина но и за резултатите и успесите кои ги постигнуваат на работно поле.

Шампионатот во Формула 1 отсекогаш бил натпреварување кое важи за исклучително ризично и возбудливо во исто време. Секој има свој тим или пилот за кого навива, но дали некогаш сте се запрашале како изгледа тренингот, оној во вежбална, на еден Ф1 возач и колку се тие физички спремни? На неполни 10 дена пред новата сезона која стартува во Австралија, ѕирнете да видите колку сериозно работат Ф1 пилотите на својата физичка пропрема, сила, издржливост.. 

Средба на претседателите на МОК и ФБСМ, д-р Васил Тупурковски и Бетим Вренези.

Скопје (12.02.2017) Љубовта кон спортот е уникатна и посебна. Фудбалот, како еден од најпопуларните спортови кој од страна на најверните љубители се следи религиозно во Македонија, а и во светот, е и еден од најомилените спортови и на најголемите светски спортски брендови како што е Адидас.

Почнува, делот од годината со диети за извоз — јуен, Орниш, Хроно, макарони и чоколадо, бејби храна диета и сите други шеми кои ви го намалуваат IQ-то и ви ја одземаат гордоста само за некое килце масти. Помалку. Повеќето од нив, колку и да се бизарни или не, работат...барем некое време. Она што треба да го направиме, е да ги пуштиме низ сито сите овие диети и да видиме дали воопшто има зрно вистина? Дали има некоја ефективна стратегија и дали е можно сите овие диети да имаат нешто заедничко?

Поттикнати од неколкуте несакани ситуации кои се случија овој викенд на Шар Планина и сакајќи да ги потенцираме важностите на поседување правилна опрема и знаење за нејзино користење во зимски услови на планина, пробуричкавме на нет и Ви ги сервираме неколкуте видеа на Гленмур Лоџ (Национален аутдор тренинг центар од Шкотска) каде инструкторот Марк Чедвик на убав шкотски акцент ќе ви ги објасни сите потребни елементи за сигурно движење во зимски услови на планина и користење на основната техничка индивидуална опрема. Одлично парче интернет едукација за сите почетници но и за потсетување на знаењето и на сите останати. 

Во No Limit се гордееме со долгогодишното искуство во обезбедувањето на висококвалитетни додатоци во исхраната за сите спортисти, аматери и оние што се грижат за своето здравје и квалитетниот животен стил.

Кога стариот кардиолог и долгогодишен маратонец Д-р Бен Ронин налетал на натписите и студиите кои пред скоро време го извадија муабетот дека „премногу вежбање може да те убие”, тој решава да погледне нешто подетално во стапката на морталитет во неговиот стар тркачки клуб „Појадок” основан уште во 70-тите, кој се уште е активен и со доста стари членови над 70 години.

Да речеме дека се подготвувате за првиот маратон или пак сакате да го подобрите своето најдобро време. Претпоставката е дека голем дел од вашето слободно време е посветено на оваа цел. Дисцплинирани сте и фокусрани но понекогаш се чувствувате како некој да ве влече назад. Ако е така, тогаш, дали сте чуле за претренираност?

За разлика од летото, кога стапалата се изложени на погледи и обрнуваме особено внимание на нивната нега, најчесто во текот на зимата ги подзаборавиме и ја занемаруваме негата и грижата за нив. Но, стапалата бараат нега во текот на целата година, особено кај луѓето кои се физички активни, односно се занимаваат со спорт.

Македонскиот олимписки комитет за потребите на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) и Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), обезбеди 20,000 долари финансиска помош, средства кои се со директна намена за подготовки и учество на Европските првенства во 2017 година.

FB Препораки