таг / Сноуборд

1. Ако не ти е гајле за скијачките наочари и не ти смета тоа што ти се маглат кога скијаш, тогаш не се замарај со видеава. 2. Ако немаш поим за тоа како се одржуваат истите, и ако мислиш дека е шема да ги држиш на чело тогаш бујрум. 3. Без разлика дали си купил скапи или релативно евтини наочари, принципиве важат подеднакво. 4. Ај може имате и базен во хотелот па ќе ви пуштиме линк и за пливачки наочари. 

Деновиве Водно наликува на мини ски центар каде во длабокиот снег уживаат многу љубители на ски и сноуборд. Погледнете го видеото и сè ќе ви стане јасно! А може и да посакате веднаш да тргнете натаму...

Во склоп на седмото издание на Планинскиот Филмски Фестивал - ЕХО имавме исклучително интересна можност да се дружиме со Никлас Холстен - фрирајд сноубордер од Финска кој се има натпреварувано и освоено бројни сноуборд натпревари ширум Европа и своевремено беше дел од Freeride World Tour. 

Кое е тоа задоволство бе, татко ти на 4 годинки да те земе на фрирајд бордање на тазе паднат снег и тоа на неприкосновената Шар Планина. Малиов збесна...

Приказната за Годо пренаменета за моменталните скијачки услови во Македонија. Останува да чекаме и мечтаеме со некое парче видео од Јапонија. 

Што прави дете кое по цели денови игра флипери? Ја врти игрицата. Па тогаш што мислите дека би правело дете што целиот негов живот (читај 9 години) борда? Ќе го врти бордот, и тоа како. 

Пишувајќи ја нашата претходна статија поврзана со корените на сноубордингот во 60-тите години од минатиот век, никогаш не наидовме на информациите за селото Петран во североисточна Турција каде „снегштиците”, односно практиката за возење на обични даски со врвка по длабокиот снег биле присутни, што би се рекло уште од време турско... 

Ок, досега  сме гледале четири, три, па и две-годишни дечиња како бордаат и скијаат (и тоа со стил), ама ова знае ли да оди бе? 

Неколку совети на што да обрнете внимание кога се спремате за вашата ски или сноуборд сезона. Кај и да е, снегот (се надеваме) ќе дојде, па бидете подготвени за безгрижни денови на ски терените. 

Кога ќе споиш песок, скии, адреналински џанкис и сноуборди, добиваш мелези со педигре што се викат СендСки & СендБординг. тесната соработка помеѓу скијачите и сноуборд заедницата во Јужна Америка вроди со плод создавајќи ја Интернационалната СендСки & Сендбординг асоцијација која има за цел да ги промовира овие два спорта. Промо видеото кое подолу можете да го видите е снимено низ песочните дини во Перу, Чиле и Бразил.

Како идеше онаа „Прле се учи, а не магаре", епа „магарево” упорно, ама и го бива. Прва сноуборд сезона на Леон, 10ти ден на снег, време дојде и Церипашина да биде на мени. 

FB Препораки