Склекот и таканаречениот „бенч прес” без сомнение се најпопуларните вежби за сила во горниот дел на телото. Во суштина станува збор за истата вежба која е надградена и превртена наопаку. Единствената голема разлика е што со склекот работите со сопствената тежина, додека пак со бенч пресот тежината може да биде многу поголема. Сепак, за да ја надминете сопствената тежина вежбајќи бенч прес потребно е време, а понекогаш враќањето на основата може да го забрза тој процес. Како со склек ќе зголемиш бенч?