таг / маратон

Трчањето е прв избор за спорт на голем дел од светската популација. Да бидеш активен тркач значи да бидеш посветен, дисциплиниран, да имаш цел. За многумина таа цел се нарекува маратон - најтешката тркачка дисциплина. Ако единствената цел ви е да финиширате маратон тогаш оваа статија можеби нема премногу да ве интересира, но ако сакате да бидете најбрзи што можете тогаш можеби не е лошо да знаете која е идеалната возраст за трчање маратон.

Веројатно прво што треба да разбереш, ако досега не си разбрал, дека за да бидеш рекреативец кој е „про” е малку повеќе од тешко, но секако дека со добра и правилна работа и мотивација се прават одлични резултати. Затоа, нема откажување, освен кога навистина треба...

Пред некој месец повеќегодишниот милионски експеримент финансиран од Најки успеа да го изведе најдоброто неофицијално истрчано време за еден маратон - 02:00:23 - кое за секунди не успеа да биде под бариерата од 2 часа. Иако елитниот маратонец Елуид Кипчоге беше главниот „мотор” на проектот, истиот немаше да биде возможен без еден куп други испитувања, математики, вселенски дизајни, пејсери итн. Подоле следи детално објаснување на проектот во исте негови сегменти кои се од круцијално значење за подобрување на времето. 

Додека сме во периодот на маратонската треска во доба кога сите ние сме опседнати со нашите „потреби” за којзнае каква опрема само за да отпочнеме со спортување, вредно е да се потсетиме на Абебе Бикила - Етиопјанецот кој успеа да постави светски олимписки рекорд во Рим трчајќи бос. 

Искрено се радуваме на вакви моменти кога две души што живеат во духот на активниот живот се спојуваат и ја продолжуваат својата пасија заедно, уште посилни... Вечни да сте Искра Јовановска и Жан Тосев! Нека ви е со среќа заедничниот живот.

Оваа година „Баркли маратоните”, кои воедно се сметаат за едни од најтешките на планетава, успеаја да го видат својот 15ти финишер (а се одржуваат од 1985 година), но она што беше уште поинтересно беше неуспехот на вториот тркач - Гери Робинсон кој не успеа да заврши на време за само 6 секунди пред истекот на лимитот. Правила си се правила... 

На 19ти август, сабота, започнува 31от Охридски пливачки маратон кој од 1962 година се одржува во водите на Охридското езеро. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри да по неколку години трката се претвори во 30 километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст.

Таму, каде што колективно сите граѓани од едно мало место успеваат (пешки) да се качат на врв планина (а не само да искочат пред зграда) за да ги бодрат спортистите, таму, каде спортот е религија, таму, откаде може да се учи. Со надеж дека ќе ги поттикнеме нашите читатели и нашата публика на слични активности за време на нашите спортски настани!

Викендов напоредно со Скопскиот Маратон во Скопје, во Монца, Италија екипа елитни маратонци спонзорирани од Најк ќе се обидат (во контролирани) услови да ја срушат бариерата од 2 часа за маратон. Подоле следат некои експертски гледишта на проблематиката која моментално изгледа како апсолутно недостижна земајќи го фактот што моменталниот рекорд е скоро цели 3 минути „поспор”  од тоа.

Покрај илјадниците имиња, БИБ бројчиња и победници, оваа година бостонскиот маратон го трчаше и Катрин Свицер, една од најважните поборнички за женските права и еднаквост во атлетиката која во 1967 година успеа официјално да го истрча овој маратон и покрај забраната за учество на жени. 

Иако кратките и долгите атлетски дисциплини технички спаѓаат во една иста активност - трчање, тие драстично се разликуваат на еден куп полиња. Само тргнете од градбата на спринтерите во однос на онаа од маратонците и на сите ни е јасно дека нивните тела се вајаат за различни патеки, брзини и дистанци. Сепак, тоа не значи дека ефектите од тренинзите не може да се преклопуваат... 

FB Препораки